24 јули 2026 г.

Корисниците на Шпаркасе Банка можат да подигнуваат готовина и на банкоматите на Euronet

Почитувани клиенти,

Шпаркасе Банка ја проширува мрежата за бесплатно подигнување готовина за своите клиенти. Отсега, сите корисници на дебитни картички на Шпаркасе Банка можат да подигнуваат готовина без надоместок и на банкоматите на Euronet во Македонија, под истите услови што важат и за банкоматите на Шпаркасе Банка.

Со оваа придобивка, клиентите добиваат уште поголема достапност до готовина, преку значително поголема мрежа на банкомати распоредени низ целата држава.

Оваа новина е дел од заложбите на Шпаркасе Банка континуирано да го унапредува корисничкото искуство и да обезбедува поголема практичност, флексибилност и достапност на своите банкарски услуги.

За повеќе информации за локациите на банкоматите и условите за користење, посетете ја веб-страницата на Шпаркасе Банка на следниот линк.

Со почит,
Шпакрасе Банка