29 јули 2026 г.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА РАМКОВЕН ДОГОВОР И ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ КОИ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
Почитувани клиенти,
1. Ве известуваме дека Шпаркасе Банка изврши измена и дополнување на текстот на Рамковниот Договор, кои се во примена од 01.10.2026 година.
Измените се следни:
Вклучени се нови, и допрецизирани се постоечките одредби, согласно Законот за платежни услуги и платни системи како:
- Допрецизирани се формата и постапката за давање согласност за иницирање платен налог или извршување платежната трансакција, како и за повлекување на согласноста за извршување платежна трансакција или за отповикување на платен налог.
- Допрецизирани се начините за постапување, како и правата и обврските во случај на неизвршување или неправилно извршување на платежна трансакција како и обврската на Банката за поврат на корисникот на платежни услуги на износот на сите пресметани и/или наплатени надоместоци.
- Додаден е нов член за Комуникација меѓу договорните страни.
- Дополнети се одредбите за времетраење, измени, дополнување и раскинување на рамковниот договор.
- Извршена е измена на датумот за исплата на пензии. Исплатата на пензии ќе се врши последниот работен ден во месецот.
Шпаркасе Банка изврши измена и дополнување на текстот на Општите правила и услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица, кои се во примена од 01.10.2026 година.
Измените се следни:
- Комуникацијата од Банката до Корисникот е поделена на лична, и комуникација од општа природа;
- Дополнето е што се подразбира под разумни мерки за заштита на корисничките сигурносни обележја на платниот инструмент;
- Допрецизирани се начините за постапување, како и правата и обврските во случај на неизвршување или неправилно извршување на платежна трансакција како и обврската за поврат на корисникот на платежни услуги на износот на сите пресметани и/или наплатени надоместоци;
- Прецизирани се роковите за затворање на платежна сметка и раскинување на рамковен договор, правото на Банката за одбивање на барањето, како и правото на Банката да го раскине рамковниот договор без отказен рок;
Шпаркасе Банка изврши измена и дополнување на текстот на Општите правила и услови за издавање и користење на дебитни картички за физички лица, Општите правила и услови за издавање и користење на кредитни картички за физички лица, кои се во примена од 01.10.2026 година. Измените се следни:
- Детално се прецизираат начините за измена на лимитите за трошење, како и можноста за самостојна блокада на картичката преку мобилното банкарство.
- Детално се прецизираат начините на комуникација со клиентите во случај кога постои сомнеж за неавторизирано користење, злоупотреба или сигурносна опасност
- Детално се прецизираат правата, обврските и постапувањето на Банката и корисникот во случај на неизвршена, неправилно извршена или задоцнета платежна трансакција, како и условите за поврат на средствата и надоместоците.
- Детално се прецизираат каналите за известување за промени во Тарифникот и Општите правила и услови, како и начинот и рокот во кој корисникот може да ги прегледа измените или да го откаже користењето на картичката.
Шпаркасе Банка изврши измена и дополнување на текстот на Општи услови за Електронско банкарство, кои се во примена од 01.10.2026 година.
Измените се следни:
- Прецизирани се начините на комуникација со клиентите во случај Банката да се посомнева во злоупотреба, утврди настаната измама или идентификува сигурносна опасност поврзана со услугите на Електронското банкарство.
- Допрецизирани се начините на постапување како и правата и обврските доколку Банката изврши неавторизирана или неправилно изврши платежна трансакција.
- Дефинирани се каналите на комуникација со кои Банката го известува корисникот за предложените измени во обемот и содржината на услугите од Електронското и мобилно банкарство како и рокот во кој што корисникот може да се откаже од користење на Електронското банкарство од премот на известувањето за предложените измени.
2. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА ТАРИФА ЗА НАДОМЕСТОЦИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Ве известуваме дека Шпаркасе Банка изврши измена на Одлуката на надоместоци за физички лица. Надоместоците кои ќе започнат да се применуваат од 10.08.2026 се следни:
Платежни трансакции со странство
1.Измена на опис на надоместокот за инструкции/ сторнирање на кредитен трансфер
Стар опис |
Нов опис |
Измена на инструкции/сторнирање на кредитен трансфер |
Барање за измена, дополнување и поврат на средства по основ на правилно процесирана/извршена трансакција. *Оваа провизија не се наплатува во случај на неизвршување или неправилно извршување на платежна трансакција од страна на Банката. |
Сметки и депозити
2. Се дополнува описот во текстот на две ставки за надоместоци за платежна сметка во денари и платежна сметка во валута различна од денари – “кандидати за задолжување се и клиенти кои во тековниот месец направиле клиентска трансакција која се однесува на уплата на средства на платежна сметка кои се наменети за орочување на депозит”
Кредитни производи
3. Воведување на нов надоместок за потрошувачки кредит исплатен преку кредитен посредник. ВФП Плус Консалтинг.
Потрошувачки кредит преку кредитен посредник ВФП Плус Консалтинг |
Надоместок за аплицирање |
Административни трошоци/ надоместок за обработка |
0 |
6.000 мкд |
4. Воведување на нов надоместок за кредит исплатен за клиенти преку ГЕФФ кредитната линија.
ГЕФФ потрошувачки кредити |
Надоместок за аплицирање |
Административни трошоци/ надоместок за обработка |
700 мкд |
2,5% |
ГЕФФ хипотекарен |
Надоместок за аплицирање |
Административни трошоци/ надоместок за обработка |
700 мкд |
2% |
*Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор ќе се смета дека корисникот на платежните услуги ги прифатил промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози доколку не го извести давателот на платежните услуги-Банката пред датумот на примена на измената дека ги одбива промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози.
Во случај корисникот на платежни услуги да не ги прифати предложените измени, корисникот има право да го раскине рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените без да плати трошок или надоместок за раскинувањето на рамковниот договор, пришто рамковниот договор престанува да важи со датумот на раскинување на договорот од страна на корисникот на платежните услуги.
Наведените измени се достапни во електронска верзија на ВЕБ – порталот на Банката за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги, ВЕБ страната на банката и во работните простории на банката.
За сите дополнителни прашања можете да се информирате во експозитурите или на Веб страната на Банката или обратете се до нашиот Контак центар на телефон 02/15050.
Со почит,
Шпаркасе Банка