7 октомври 2026 г.

Известување за технички прекин во сервисите

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека поради надградба на системот и унапредување на услугите кон клиентите од 17.10.2026, сабота, од 13:00 часот можни се прекини во достапноста на услугите:

  • Електронско банкарство
  • Мобилно банкарство
  • Сервисниот центар
  • Банкоматите на ул. Васил Иљоски бр. 14 и ул. Даме Груев бр. 7 во Скопје
  • Картичките за субвенциониран студентски оброк

Ова ажурирање е дел од континуираните активности за унапредување на корисничкото искуство и подобрување на стабилноста и сигурноста на нашите услуги.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,
Шпаркасе Банка