29 октомври 2026 г.

Известување за регулаторни промени во платежните услуги

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека согласно законските и регулаторните измени во областа на платежните услуги и платните системи, од 9 ноември 2026 година започнува примената на новите денарски платни налози и меѓународниот стандард ИСО „20022 XML“ за размена на платежни пораки во платните системи во земјата.

Со овие измени се овозможува усогласување со меѓународните стандарди, унапредување на квалитетот на платежните информации и поефикасна обработка на платежните трансакции:

  • Воведување нова хартиена форма на платните налози;
  • Стандардизација на платежните податоци согласно ИСО 20022;
  • Усогласување на конструкцијата на денарските платежни сметки со IBAN стандардот;
  • Листа на ИСО шифри за целта на плаќањето со четири латинични букви или комбинација на четири латинични букви и бројки;
  • Подобрување на квалитетот и структурирана размена на податоци во платните системи во земјата.

Банката континуирано презема активности за усогласување со ревидираните прописи, вклучувајќи унапредување на технолошките решенија, оперативните процедури и придружната документација, со фокус на непречена и ефикасна транзиција кон новиот регулаторен модел.

Со цел обезбедување навремена информираност и подршка на клиентите во процесот на прилагодување кон надградените стандарди на платните системи и новини во платежните услуги, на следниот линк се објавени соодветни релевантни материјали:

- Информација за нови платни налози
- Мапирање шифри

Ве повикуваме да се запознаете со објавената документација за натамошна проценка и планирање на потребните оперативни и системски интеграции во однос на процесите за обработка на плаќањата.

За дополнителни информации, Ве молиме следете ги известувањата доставени преку официјалните комуникациски канали на Банката.

Ви благодариме за довербата.

Со почит,
Шпаркасе Банка