6 ноември 2026 г.
Почитувани клиенти,
Ве информираме дека поради најавените промени во платниот систем на ниво на државата, на 7 ноември 2026 година (сабота), Шпаркасе Банка АД Скопје привремено ќе го прекине редовното работење на своите експозитури и дел од банкарските услуги.
Во согласност со тоа:
Сите експозитури на Банката, вклучително и оние кои работат во сабота, на 7 ноември ќе бидат затворени.
Дигиталните канали на Банката (S-Banka и електронско банкарство) ќе имаат ограничена достапност во текот на викендот, на 7 и 8 ноември.
Функционалноста за депонирање готовина на банкоматите на Шпаркасе Банка нема да биде достапна во текот на викендот.
Од понеделник, 9 ноември 2026 година, Банката продолжува со редовно работење во експозитурите и преку дигиталните канали, со примена на новите платни инструменти.
Ви благодариме за разбирањето и трпението.
Со почит,
Шпаркасе Банка