18 ноември 2026 г.

Известување за привремено затворање на експозитура 11 Октомври поради реновирање

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурата 11 Октомври како и банкоматот, кои се наоѓаат на ул. 11 Октомври 34, 1000 Скопје , ќе бидат привремено затворени поради реновирање, заклучно од попладневните часови на 20.11.2026, петок, се до 15.12.2026, вторник. Експозитурата и банкоматот ќе бидат активни од 16.12.2026, среда.

Покрај мобилното и електронското банкарство за извршување на секојдневните трансакции, во која било експозитура на Шпаркасе Банка, нашиот тим ќе продолжи да ви нуди навремена и професионална поддршка бидејќи нашиот приоритет останува вашата удобност, сигурност и непречено користење на сите банкарски услуги.

Најблиски експозитури и банкомати: 

  • АТМ и ЕКСПОЗИТУРА КИСЕЛА ВОДА - Ул. Божидар Аџија бр.3, 1000 Скопје
  • АТМ Кисела Вода - ул. Сава Ковачевиќ бр.43а, 1000 Скопје
  • АТМ и ЕКСПОЗИТУРА Централа 1 - ул. Васил Иљоски бр. 14, 1000 Скопје
  • АТМ и ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТАР - Ул. Даме Груев 10, 1000 Скопје

Листа на сите експозитури и банкомати може да погледнете на овој линк.

Ви благодариме за вашето разбирање, во периодот додека работиме на унапредување на просторот за да Ви понудиме пософистицирано банкарско искуство и нови, подобрени услуги.

Повеќе информации на 02/15 050.


Со почит,
Шпаркасе Банка