
Mastercard Business
Бидете прифатени секаде во светот.
Успешно управување и контрола на трошоците
Mastercard Business Credit Card картичка може да се издаде на правно лице резидент, кое има отворено платежна сметка во Банката. Со својата функционалност е осмислена да го поедностави располагањето со средства кај правните лица. Основната намена на картичките е плаќање на трошоците за возен парк, репрезентации, ситен инвентар и слични трошоци. Овие платежни картички се заштитени со чип технологија која нуди низа можности, а благодарение на сигурноста и на заштитните функции, речиси сосема ја оневозможува злоупотребата на картичката.
Кредитната картичка гласи на име на правното лице и на поединечниот корисник и не може да се пренесе на друго лице. Картичката се издава со рок на важност од една година, а по истекот на рокот се продолжува на 2 години во согласност со правилата на Банката.
Трошоците се наплатуваат исклучиво во денари без оглед каде се направени трансакциите, за што се добива месечен извештај со вклучени посебни прегледи за секој поединечен корисник. Рокот за подмирување на обврските е до 15-ти, за месечниот трошок од претходниот месец.
Бенефити кои ви ги нуди Mastercard Business картичката
Корисниците на Mastercard Business картичките можат да искористат 4 бесплатни пристапи и користење на услугите во деловните зони во над 1.500 аеродроми во светот преку LoungeKey програмата во тековната година.
За пристап до деловните зони од LoungeKey програмата е потребно:
- квалификувана Mastercard Business картичка и
- важечка бординг карта
За повеќе информации и полесенo пребарување на кои аеродроми и деловни зони може да се искористат услугите, можете да дознаете преку регистрација на https://airport.mastercard.com/en или со преземање и регистрација на мобилната апликација LoungeKey (достапна за iOS и Android).
Овие бенефиции се овозможени од Mastercard како давател на услугата, додека Шпаркасе банка АД Скопје настапува исклучиво како посредник помеѓу давателот на услугата и корисникот на картичката. Mastercard може да ја измени, привремено прекине или целосно укине услугата во било кое време и без претходна најава, при што Шпаркасе банка АД Скопје не сноси одговорност за обезбедување или континуитет на истата.
Прифатеност во земјата, во странство и на интернет
Mastercard картичките на „Шпаркасе Банка" се прифатени на преку 40 милиони продажни места што содржат ознака за прифаќање на Mastercard картички. Сите Mastercard картички се прифатени на интернет, и тоа кај сите трговци што содржат ознака за прифаќање на платежни картички од брендот – Mastercard.
Промена на ПИН на нашите банкомати
На сите банкомати на Шпаркасе Банка можете самостојно да го промените ПИН-от на сопствената картица.
Дневни лимити за подигање на готовина за Mastercard Business Credit Card:
- подигнување готовина на банкомати 100 000 денари;
- безготовинско плаќање во трговија 100 000 денари;
- вкупен дневен лимит од 100 000 денари.