Best of South East претставува програма која Шпаркасе Банка ја реализира секоја година и е наменета за студентите од Република Северна Македонија. Програмата им овозможува на младите да се стекнат со меѓународно академско искуство со истовремена работна пракса, на која можат да стекнат нови знаења и искуства потребни за нивниот понатамошен професионален напредок.
Во продолжение може да пристапите кон отворениот конкурс за пријава на Best of South East програмата за 2024/2025 година
Секоја година, по отварањето на конкурсот, на студентите им се овозможува можност да аплицираат за еден од австриските универзитети, како и да реализираат пракса во една од најмодернизираните банкарски институции во Австрија.
Економија и Право (Universität Graz)
- Програма за пракса на максимум 4 студенти во Штаермеркише Шпаркасе
- Партнер на оваа програма е Универзитетот во Грац (University of Graz)
- Барање за пристап кон онлајн апликација до 18.01.2024
- Комплетирање на процесот за апликација до 23.01.2024
Технички Факултет (Technische Universität Graz)
- Програма за пракса на максимум 1 студент
- Партнер на оваа програма е Техничкиот факултет од Грац
- Пријавите се отворени до 01.12.2023 година
Геологија/Металургија (Montanuniversität Leoben)
- Програма за пракса на максимум 1 студент
- Пријавите се отворени до 20.12.2023 година
Музичка академија (Kunstuniversität Graz)
- Програма за пракса на максимум 1 студент
- Партнер на оваа програма е Универзитетот за музичка уметност при Грац
- Повик за 2023\24 и 2024\25
- Пријавите се отворени до 15.03.2024
Ние ќе ви помогнеме да добиете шанса, а вие покажете дека сте најдобри на Југоистокот!
Погледнете и за:
Наш начин на работа
Вредности
Активни огласи
Сакам да бидам дел од тимот
Практична работа и стипендии
Развој и едукација
Поволности за вработените
Најчести прашања
Контакти
Дирекција за човечки ресурси
ул. Васил Иљоски 14, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија
Tel: +389 2 3167 156