РАТИ ПО ТВОЈ ИЗБОР!

За потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит

Рати по твој избор - нов кредитен модел на Шпаркасе Банка.

Со „Рати по твој избор!“, Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска месечна рата. Наместо фиксна висина на рата што не се менува, клиентите може претходно да изберат периоди кога сакаат пониска или повисока рата, а со фиксна камата.

„Рати по твој избор!“ важи во фиксниот каматен период, а тоа овозможува јасна предвидливост и сигурност во планирањето.

ЗОШТО „РАТИ ПО ТВОЈ ИЗБОР“?

ПОГОЛЕМА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА!

 

СИГУРНИ ПРЕДВИДЛИВИ РАТИ!

ПОМАЛ МЕСЕЧЕН ПРИТИСОК!

ФЛЕКСИБИЛНО МЕСЕЧНО ПЛАНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ!

Потрошувачките кредити со фиксна каматна стапка во текот на целото времетраење на кредитот, клиентите имаат можност да изберат пониски или повисоки рати во кој било дел од периодот на отплата ‒ на почетокот, во одредени месеци од годината или на крајот на отплатата. Доколку се избере сезонски распоред во одредени месеци од годината, тој се повторува секоја наредна година во текот на договорниот период.

Ова е идеално решение за нов почеток, реновирање, преселба, заминување во пензија, промена на работната позиција, непланирано патување или други поголеми животни потреби.

„РАТИ ПО ТВОЈ ИЗБОР“ СЕ ДОСТАПНИ ЗА:

Искористи го калкулаторот со цел да добиеш информативна пресметка за потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити.

За да аплицирате за кредит со флексибилни рати, посетете ја најблиската експозитура на Шпаркасе Банка или контактирајте го Сервисниот центар на бројот 02 15 050.