Траен налог
Оставете банката да мисли на вашите обврски.
Што претставува траен налог?
Трајниот налог ви овозможува да ја овластите банката автоматски да ги подмирува сите трошоци во ваше име и за ваша сметка, кон компании со кои банката има склучено договор за трајни налози. Дополнително, постои можност за пренос на средства кон кредит или кредитна картичка, како и кон одредено физичко или правно лице кому сакате редовно да му префрлувате одреден износ на средства.
Што можете да плаќате со траен налог?
- Месечните трошоци кон ЕВН Македонија, БЕГ (Топлинска енергија), Македонски Телеком, ЈП Водовод и Канализација и Роби Телекабел
- Плаќање минимален износ за кредит и кредитна картичка
- Префрлување средства кон физички и правни лица