Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на
ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
П О В И К
за учество на Собрание на акционери
63то Собрание на акционери на Шпаркасе Банка АД Скопје кое ќе се одржи на 28.05.2026 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Шпаркасе Банка АД Скопје на ул. Васил Иљоски бр. 14 Скопје, со следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Избор на претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови
2. Разгледување на Записник од 62. седница на Собранието на акционери
- Мислење на Надзорниот одбор на Банката
- Мислење на Надзорниот одбор на Банката
5. Годишна сметка и финансиски извештаи на Шпаркасе Банка АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2025 година
- Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка и финансиските извештаи
6. Консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2025 година
- Предлог одлука за усвојување на Консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи
7. Годишен извештај за работењето на Шпаркасе Банка АД Скопје во 2025 година
- Мислење на Надзорниот одбор на Банката
- Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето на Надзорниот одбор
8. Консолидиран годишен извештај за работењето на Шпаркасе Банка АД Скопје во 2025 година
- Мислење на Надзорниот одбор на Банката
- Предлог одлука за усвојување на Консолидираниот годишен извештај и Мислењето на Надзорниот одбор
- Предлог одлука за усвојување на Извештај за работењето на Надзорниот одбор
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Приjавите да се достават до Банката – Дирекција Генерален Секретаријат.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.
Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.
Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.
ШПАРКАСЕ БАНКА АД Скопје НАДЗОРЕН ОДБОР Претседател Георг Бухер
Дополнителни информации и обрасци: Постапка за поставување прашања и доставување предлози Постапка за гласање преку полномошник Образец за гласање преку полномошник – правно лице акционер Образец за гласање преку полномошник – физичко лице акционер |