
Инвестициски кредити и проекти
- Различни модели на долгорочни финансирања
- Рокови на отплата подолги од една година
- Набавка на машини и опрема или други инвестиции со можност за финансирање трајни обртни средства.
Со обемот на вашата работа расте и потребата за трајни обртни средства, набавка на нови машини, возила итн. На патот на развојот на вашата фирма потребно е да се купи или да се изгради нов деловен објект, производствен погон, складиште и/или канцелариски простор. Во зависност од потребите на вашата фирма, „Шпаркасе Банка" ви нуди широк спектар на различни модели на долгорочно кредитирање.