
Наш начин на работа
Веруваме дека вашата работа треба да има подлабока смисла.
Знаете ли кои се вашите предности, во што сте подобри од другите? Ние ќе ви помогнеме да ги спознаете и да ги истакнете во својата кариера.
Со нас имате континуиран професионален и личен развој. Ве очекува работно опкружување во кое постои перспектива, а работата се развива заедно со едукацијата и тренинзите и специфичното искуство што го нудиме.
Во нашата Групација е интересно и динамично, а континуираната едукација и развој се темел на нашиот пристап кон работата. Можете да учите на различни начини: низ работа од поискусните колеги или со иновирање нови предизвикувачки задачи, низ формални програми за едукација поврзани со стручно знаење и со развој на компетенции и низ размена на знаење во Групацијата. Без оглед на кој начин учите и се развивате, нам ни е важно во тоа да уживате.
Сакаме да ги инспирираме вработените и од сите вработени очекуваме проактивно учество во сопствениот развој.
Сакате ли да нѐ инспирирате?
Интерна берза
Како дел од нашиот концепт да поттикнеме интерна мобилност, како и мобилност во Групацијата и да станеме најатрактивен работодавец, ви нудиме можности да се вклучите во интерното пополнување на работните места и овозможуваме пристап до отворените позиции во Групацијата.
Управување на кариера на талентите
Таленти се вработени што работат над просекот и што покажуваат голем потенцијал за иден развој. Веруваме дека, ако уживате во она што го работите и ако на својот личен развој му додадете страст и волја можете да бидете истакнати како еден од нашите таленти. Вистинскиот потенцијал не произлегува од вашиот статус и формално образование, туку од способноста и од вложениот труд.
Веруваме дека вашата работа треба да има подлабока смисла.
Во нашата Групација го цениме поединецот.
Пријавете се за работа во Шпаркасе Банка и додадете вредност!
Шпаркасе Банка континуирано го унапредува своето работење
Ако сте амбициозни, желни за знаење, упорни и истрајни, пријавте се за реализирање на стручна пракса во нашиот тим.
Со нас имате континуран професионален и личен развој
Доброто работно опкружување и атмосфера не се равиваат само од себе.
Имате прашања? Овде може да ги пронајдете одговорите.
Дирекција за човечки ресурси
ул. Васил Иљоски 14, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија
Tel: +389 2 3167 156