
Патувај безгрижно и опуштено! Без разлика дали си во Австрија (Erste Bank and Sparkassen), Хрватска (Erste & Steiermarkische Bank dd), Словенија - само со картичките на Mastercard (Banka Sparkasse dd), Србија (Erste Bank Serbia), Чешка (Ceska Sporitelna), Словачка (Slovenska Sporitelna), Унгарија (Erste Bank Hungary incl. Postabank), Романија (Banka Comerciala Romana), Босна и Херцеговина (Sparkasse Bank dd) или Црна Гора (Erste Bank AD Podgorica), подигнувај средства БЕЗ ПРОВИЗИЈА со дебитните картички од Шпаркасе Банка на банкоматите во Ерсте и Шпаркасе Групацијата.
Локациите на банкоматите на Шпаркасе Банка АД Скопје се достапни на овој линк. Информацијата е достапна и преку апликациите за мобилно и електронско банкарство.
Аплицирај за дебитна картичка!
Дебитната платежна картичка од брендовите VISA и Mastercard се издава единствено доколку имате платежна сметка во Банката, односно потребно е да сте постоечки клиент на Банката. Отворањето на платежна сметка е едноставно, можете да го направите во најблиската експозитура на Банката преку склучување договор за платежна сметка.
Изработената платежна картичка и PIN можете да ги подогнете од експозитурата во која сте аплицирале во рок од 5-7 работни дена од моментот на аплицирање. При подигнувањето, неопходно е да ја активирате платежната картичка во експозитурата. По извршената активација, можете да ја користите платежната картичка.
Доколку сте постоечки клиент, имате можност да аплицирате за дебитна картичка преку онлајн-апликацијата.