Орочени депозити

Наместо вашите средства да мируваат на трансакциската сметка, ви предлагаме начин паметно да располагате со нив, остварете дополнителен каматен приход со нивно орочување. Одберете рок што најмногу одговара согласно вашите можности и потреби. Достапни се следниве рокови на орочување: преку ноќ, на 7 дена, на 15 дена, на 1 месец, на 3 месеци, на 6 месеци, на 12 месеци, на 18 месеци, на 24 месеци, на 36 месеци.

Предности од орочените депозити:

1

Остварете дополнителен приход со орочување.

2

Можност за еднократно орочување и/или автоматско реорочување.

3

Различни рокови врз основа на вашите потреби и можности.

4

Орочување со / без намена.

5

Сигурност.

Депозитот може да биде во МКД, или во девизи. Ненаменски (за штедење) и наменски (за обезбедување на користени кредити, акредитиви, гаранции и слично). Нема ограничување за минималниот износ на депозит.

За депозити, Банката плаќа камата врз основа на договор за депозит. Договорната камата се пресметува на средства од денот на депонирањето на средствата до денот на истекот на договорениот рок, а може да се исплаќа месечно или на денот на доспевање.

При пресметување на камата на МКД депозитите се користи комфорен метод, додека при пресметување на камата на девизните депозити се користи пропорционален метод.

Автоматско реорочување

Договорите за депозити се со клаузула за автоматско орочување. Со тоа што доколку до денот на доспевање на тековниот депозит не поднесете писмено барање за разорочување на постојниот депозит или не побарате промена на претходно дефинираните услови ( пр. промена во рок на орочување или износ) постојниот депозит автоматски се продолжува за истиот период и под услови што моментално се актуелни, освен ако поинаку не е договорено со договорот за орочување.

Сакате да отворите сметка онлајн?

 

Одберете платежна сметка според Вашите потреби.

 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Поставете прашање или договорете состанок.