На веб страната www.sparkasse.mk се користат колачиња (cookies) кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
08:00-16:00 часот
Повеќе
< Кариера
Во нашата Групација го цениме поединецот. Тоа важи за милиони клиенти чии индивидуални потреби ги следиме, но важи и за нашите вработени. Секој вработен на Шпаркасе банка е избран поради неговите вештини, особености и став. Веруваме дека чесноста, креативноста, желбата за работа и позитивниот став придонесуваат за одржување на визијата започната пред 200 години: да бидеме Банка која е прв избор на клиентите.
Нашата мисија е да бидеме партнер банка за нашите клиенти и вработени и со таа цел нашата работа ја базираме на следните вредности:
Слушаме што клиентите и колегите имаат да кажат бидејќи ги разбираме нивните потреби. Меѓусебно споделуваме идеи и ја поддржуваме нивната реализација. Си помагаме едни на други бидејќи се водиме од иста цел. Доколку е успешна Банката во која работиме и ние сме успешни. Комуницираме искрено и отворено, бидејќи сме насочени на решенија и на резултати.
Одговорни сме, пред сѐ, кон самите себеси и кон својата иднина, а потоа и кон своите клиенти. Затоа, преземаме лична одговорност и покажуваме иницијатива кон клиентите бидејки успехот и напредокот на Банката воедно се и наш успех и развој. Секој наш успех е посветен на нашето работење во рамките на Банката. Се грижиме за успешно и целосно завршување на нашите работни задачи. Се грижиме за поголемата слика и мислиме на доброто на Банката на долг рок. Одговорноста е поделена подеднакво, а овластувањата ги заслужуваме со своите добри резултати.
Веруваме во своите вработени, во нивните потенцијали и успеси. Фокусирани сме на одржлив и долгорочен развој, ја прифаќаме можноста за грешки, учиме од нив и не ги повторуваме. Градиме атмосфера на доверба, затоа што си веруваме. Успехот на Банката е нашата заедничка цел.
Ги препознаваме и ги цениме идеите и иницијативите, затоа клиентите ги услужуваме на едноставен и квалитетен начин. Ги поврзуваме новите, креативни идеи во деловна реалност. Со лични примери ги поттикнуваме другите во своето работење да даваат максимум и да го исполнат својот потенцијал. Проактивни сме и мотивирани да работиме повеќе и подобро затоа што нашиот труд се препознава и се вреднува.
Создаваме вредност за нас самите, а мерка на таа вредност се сѐ повеќе задоволни и лојални клиенти, но и вработени на Банката. Ги вреднуваме напорите и ги наградуваме резултатите на вработените, бидејќи веруваме дека напорот ќе се исплати и ќе нѐ води кон успех. Нашата моќ се огледува во нашето знаење и компетенции, а нашиот успех во нашите клиенти.
Веруваме дека вашата работа треба да има подлабока смисла.
Во нашата Групација го цениме поединецот.
Пријавете се за работа во Шпаркасе Банка и додадете вредност!
Шпаркасе Банка континуирано го унапредува своето работење
Ако сте амбициозни, желни за знаење, упорни и истрајни, пријавете се за реализирање на стручна пракса во нашиот тим.
Со нас имате континуиран професионален и личен развој.
Доброто работно опкружување и атмосфера не се развиваат само од себе.
Имате прашања? Овдека можете да ги пронајдете одговорите.
Служба за човечки ресурси
Македонија 9-11, 1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 2 3167 156
hr@sparkasse.mk
Големина на текст