Награди на Банката

"Шпаркасе Банка" е меѓу првите банки во Р. Македонија кои што воведуваат нови и иновативни понуди на финансиски производи и услуги, како што се бесконтактната картичка од брендот Mastercard, иновативните банкомати со менувачка и депозитна функција, како и практичната и технолошки напредната апликација за мобилно банкарство S-Banking.

"Шпаркасе Банка" во својата широка палета на производи и услуги креира нови и современи понуди согласно потребите на клиентите, нивната возраст, навики и животен стил. За таа цел во понудата се креирани посебни пакети за повозрасните клиенти, за кои е овозможена услугата „Пензија на 1ви“, како и пакети за најмладите, студентите и вработени лица до 26 години, кои за прв пат го вршат изборот на банка за управување со нивните финансии. За иновативноста и клиентски ориентираниот пристап потврдуваат наградите STUBRAND за 2016 и 2017 година.

Следејќи ја основната мисија на нашиот сопственик "Штаермеркише Шпаркасе" од Грац, Р. Австрија, која бележи речиси 200 години традиција во банкарското работење и воедно придонес и грижа за заедницата во која дејствува, "Шпаркасе Банка" е првата банка што ја имплементира корпоративната општествена одговорност во рамките на својата деловна стратегија. Со голема посветеност Банката реализира многубројни проекти во рамките на SPARKASSE Life платформата. Многуте награди и признанија се потврда на повеќегодишната стратегија и активни заложби за создавање дополнителна вредност за општеството во кое дејствуваме.

"Шпаркасе Банка" е меѓу првите банки што активно комуницираат со јавноста и преку социјалните мрежи, со отворени профили на "Facebook", "Instagram", "LinkedIn" и "You Tube". Активната комуникација во медиумскиот простор е исполнета со иновативни и креативни кампањи за промоција на банкарските услуги, по кои Банката се издвојува од другите огласувачи и бележи висок Brand Awareness и Advertising Awareness во согласност со истражувањата спроведени од локални агенции.

Шпаркасе Банка Македонија добитник на две награди “Fastest Growing Corporate Bank in North Macedonia 2019" и „Fastest Growing Retail Bank in North Macedonia 2019“

Најдобрите и највлијателни брендови во Македонија и оваа година се одликувани со глобалната награда Супербрендс, а Шпаркасе Банка се закити со престижното признание- Супербренд во категоријата финансиски институции за 2022 година.

Супербрендс е меѓународна организација која има за цел да ги препознае одличните брендови на различни пазари и да ја промовира културата на брендирање. Во организација на Супербрендс Македонија, секоја година се одбираат најсилните брендови во нашата земја, а учество во изборот им е овозможено само на најуспешните од секоја област. Шпаркасе Банка годинава за прв пат е прогласена за Супербренд во категоријата финансиски институции во земјата, исполнувајќи ги четирите основни критериуми неопходни за добивање на оваа награда: квалитет, сигурност, препознатливост и емотивната приврзаност на корисниците кон брендот.Изборот на најдобрите и најсилни брендови го организира и нагледува меѓународната организација Супербрендс, глобален авторитет во сферата на брендингот. Изборот се спроведува во повеќе од 90 земји низ светот и во него досега учествувале над 22.000 различни брендови. Во процесот на избор учествува стручно жири со голем број на внимателно одбрани експерти со свои оценки, како и потрошувачите. Изборот за Супербренд на Македонија за 2022 година е уште една потврда за зацврстувањето на брендот на Шпаркасе Банка како препознатлив бренд кој создава доверба кај потрошувачите, како и стремежот да биде прв избор на банка за клиентите. Главна цел на Банката останува понуда на квалитетна услуга и иновативни производи со цел подобрување на корисничкото искуство и задоволство на нашите клиенти, кои се во фокусот на работењето.

Шпаркасе Банка со најдобра кампања "Happy VISA Weekends

Шпаркасе Банка го доби признанието🏆Најдобри во класата Активација за кампањата „Happy VISA Weekends“ од страна на нашиот долгорочен партнер Visa! Ни претставува огромна чест што Visa, водечката светска компанија и глобален авторитет во дигиталните плаќања ја препозна иницијативата на Шпаркасе Банка за понуда на иновативни картични производи и креирање на дополнителна вредност за своите клиенти при реализација на безготовински плаќања. Маркетинг кампањата „Happy VISA Weekends“ спроведена од страна на Банката во текот на 2021 година, беше оценета за најдобра во класата VISA Активација! „Happy VISA Weekends“ беше наградна игра наменета за сите корисници на платежни картички за физички лица од брендот VISA, а услов за учество беше корисниците да реализираат најмалку една поединечна трансакција на продажните места и е– commerce трансакции во земјата и странство, во висина од минимум 500 денари. На најсреќните учесници им беа доделени 70 ваучери за патување во Р.С. Македонија и главна награда- автомобил KIA SPORTAGE. Ние сме горди на сите успешни проекти и соработки низ годините со VISA - една од најголемите платежни мрежи во светот и партнер со кој имаме долгорочна соработка. Упатуваме огромна благодарност до Visa за добиеното признание, но и до нашите клиенти за нивната доверба и лојалност, и фактот што ја одбраа токму Шпаркасе Банка за финансиски партнер. Остануваме посветени на понуда на иновативни производи, квалитетни услуги, но и обезбедување на дополнителна вредност за нашите клиенти и поддршка на заедницата во која делуваме!

Шпаркасе Банка Македонија добитник на две награди “Fastest Growing Corporate Bank in North Macedonia 2019" и „Fastest Growing Retail Bank in North Macedonia 2019“

Врз основа на спроведено рангирање на банките во Република Северна Македонија, на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ѝ се доделени наградите „Fastest Growing Corporate Bank Macedonia 2019/Најбрзорастечка Банка во сегментот на правни лица во Северна Македонија 2019“ и „Fastest Growing Retail Bank Macedonia 2019/ Најбрзорастечка Банка во сегментот на физички лица во Северна Македонија 2019“ од страна на The Global Banking and Finance Review Awards.

The Global Banking and Finance Review Awards се доделуваат со цел да ги признаат институциите и компаниите различни по големина, истакнати во одредени области на експертиза и квалитет во рамките на глобалната финансиска заедница. Наградите се познати и високо респектирани низ светската банкарска и финансиска заедница. Тие ги одразуваат иновациите, достигнувањата, стратегијата, прогресивните и инспиративни промени што се случуваат во рамките на финансискиот сектор.

Шпаркасе Банка е еден од предводниците на целите за одржлив развој

На свечената гала церемонија за доделување награди за Целите за одржлив развој (ЦОР), во организација на „Конект", на Шпаркасе Банка Македонија и беше доделено Признанието за предвоник на целите за одржлив развој.

“Best Small Bank in Republic of North Macedonia 2019” за изминатите 20 години

Врз основа на спроведено рангирање на банките во Југоисточна Европа од страна на Finance Central Europe, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е добитник на наградата “Best Small Bank in Republic of North Macedonia in the past 20 years/Најдобра мала банка во Република Северна Македонија во изминатите 20 години”. Оваа награда Finance Central Europe ја воведе како нова категорија по повод одбележувањето на нивниот 20-годишен јубилеј и истата ја доделува на локално и на регионално ниво.

Наградата следи како резултат на целокупниот перформанс на Банката во изминатите 20 години, нејзината долгогодишната професионалност во работењето, како и посветеноста и лојалноста кон клиентите. Наградата ќе биде јавно објавена во септември во специјална едиција од страна на Finance Central Europe.

Награда од Global Banking & Finance Review

Шпаркасе Банка Македонија е добитник на наградата „Fastest Growing Corporate Bank in Macedonia 2018", врз основа на спроведеното истражување од страна на Global Banking and Finance Review.

Национална награда за најдобри општествено одговорни практики.

Шпаркасе Банка Македонија добитник на Национална награда во 2018 година за најдобра општествено одговорна практика за проектот "Pet-friendly Банка" и Признание за проектот „Грижа за стари лица".

Признание од Црвениот крст на Град Скопје

Шпаркасе Банка Македонија е добитник на признанието „Златен поддржувач на проекти и програмски активности на Црвениот Крст на Република Македонија“, за проектот „Грижа за стари лица“. Преку овој проект Шпаркасе Банка обезбедува поддршка на активностите на Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови кои се имплементираат преку Црвениот крст на град Скопје.

Награда STUBRAND за 2018 година

Трета година по ред, ШПАРКАСЕ БАНКА е најомилената банка на македонските студенти и наградена со престижното признание STUBRAND за 2018 година.

Признание за најдобра општествено одговорна практика 2017

Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и доделија на Шпаркасе Банка Македонија „Признание“ за успешно спроведена општествено одговорна практика во категоријата „Однос кон животната средина“. Голема благодарност до Синдикатот на Банката, кој заедно со нашите вработени земаа активно учество во хуманитарната работна акцијата за помош на поплавените подрачја во Скопје, август 2016 година.

Награда STUBRAND за 2017 година

Втора година по ред, ШПАРКАСЕ БАНКА е најомилената банка на македонските студенти и наградена со престижното признание STUBRAND за 2017 година.

Признание од СОС Детско село 2016

По повод одбележувањето на 15 годишниот јубилеј на организацијата „СОС Детско село“ во Р. Македонија и беше доделено Признание на Шпаркасе Банка Македонија за повеќегодишната соработка и поддршка за децата без родители и родителска грижа, како и за децата од семејства со социјален ризик.

Две награди за општествено одговорни практики - 2016 година

Во организација на Министерството за економија и на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) беа доделени Националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2016 година. Шпаркасе Банка Македонија беше добитник на две статуетки за предложени проекти во две категории, и тоа: „Заштита на животната средина“ со проектот - Хуманитарна работна акција на вработените во Шпаркасе Банка во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“ во Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола и „Вложување во заедницата” со проектот „Social Impact Award – Награда за социјално претприемништво“, кој се воведе во Р. Македонија за прв пат во 2015 година во соработка со Млади инфо.

Шпаркасе Банка Македонија добитник на престижната награда STUBRAND за 2016 година

Шпаркасе Банка Македонија е добитник на сертификацијата STUBRAND2016, со што стана прва и единствена банка во Република Македонија што го добива ова престижно признание за најпопуларен бренд според македонските студенти.

Истражувањето што го спроведе STUBRAND Macedonia во 2016 година ја мереше перцепцијата за имиџот на вкупно 405 брендови во 19 различни категории кај студентската популација. Според резултатите, Шпаркасе Банка ужива позитивен имиџ на брендот од 53%, односно голема емотивна приврзаност кон брендот кај студентите, а со тоа и ги исполни високите критериуми за стекнување на сертификатот STUBRAND 2016.