Меѓународното биро - ниво 1, претставува организација за меѓународна поддршка и помош во врска со корпоративните клиенти во рамките на сите банки членки на групацијата „Ерсте“ со унифицирани активности. Нивото 1 не се однесува на AM/RM функцијата, туку на ID функцијата (функцијата што ја има вработениот во службата за меѓународна соработка)
Позицијата се однесува и служи како информативен и услужен центар за меѓународни (интернационални) корпоративни клиенти, со цел да се постигнат следниве ефекти:
- брзо, точно и комплетно информирање за меѓународните корпоративни клиенти;
- активна соработка и поддршка при воспоставување бизнис соработка и нудење на меѓународните производи;
- со цел да бидат видливи предностите и ефектите на групацијата „Ерсте“ за постојните и за идните клиенти;
- да се подобрат соработката и текот на информации помеѓу банките во групацијата „Ерсте“ и корпоративните клиенти;
- да се постигне видлива компаративна предност за групацијата „Ерсте“ .