На веб страната www.sparkasse.mk се користат колачиња (cookies) кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
08:00-16:00 часот
Повеќе
< Кариера
Ние во „Шпаркасе Банка" веруваме дека работата би требало да биде дел од вашиот живот и на забавен, интересен начин да ве мотивира и да придонесе за вашиот развој и напредок. Веруваме дека вашата работа треба да има подлабока смисла. Ние уочивме 7 темели на кои е базирана потрагата за подлабока смисла во „Шпаркасе Банка":
Парите може да имаат подлабока смисла според тоа на кој начин работите, кога и она што го работите - во рамките на вашиот опис на работно место - е интересно и ве задоволува, има за вас посебно значење. Секое работно место има свој придонес во заедничката цел, да им се помогне на клиентите подобро да управуваат со своите финансии.
Луѓето се на прво место. Ја вреднуваме емотивната страна на работата и секогаш се стремиме да влијаеме на тоа како луѓето се чувствуваат на работа. На вас не се гледа само како на вработен, туку како на личност. Кон вас се однесуваат со почит и сте прифатени, но и потребни како личност со своите доблести и мани.
Работењето може да добие подлабока смисла кога можете да донесувате одлуки, сами да влијаете врз понатамошниот тек на својот развој и да ја планирате својата кариера. Ова е вид на слобода, оспособување на вработениот и охрабрување да ги преземете работите во свои раце во „Шпаркасе Банка". Не е секогаш можно секому да му се понуди неограничена автономија, но нашата цел е да ви дадеме што е можно поголема лична одговорност.
Работењето може да има подлабока смисла кога имате визија за својата кариера, кога можете да се развивате лично и професионално, кога вашата работа ви нуди константна обука, образование и предизвикувачки искуства со текот на времето. Секогаш кога e тоа можно, на своите вработени им нудиме начини да се развиваат.
Работењето може да има подлабока смисла кога уживате да одите на работа, кога атмосферата е добра, тимскиот дух на ниво и кога добро се согласувате со колегите. Може да се види дали на луѓето им се допаѓа овде по тоа колку долго тие се задржуваат овде.
Работењето може да има подлабока смисла кога вашиот работодавец е на најистакнатото место на пазарот, нудејќи современи производи и услуги, кога местото каде што работите овозможува предизвикувачко, мотивирачко и продуктивно работно опкружување и кога, со самото тоа, вашиот работодавец ужива добар углед на пазарот и вие можете да се гордеете што работите овде. Кога работите овде, вие работите за една од водечките финансиски институции во Источна Европа.
Работењето може да има подлабока смисла кога работите за одговорен, општествено активен работодавец, оној со кого можете да се гордеете. „Шпаркасе Банка" гради тим што е активно вклучен во проектите за подобрување и за грижа за животната средина и создавање на здрави навики кај најмладите генерации.
Веруваме дека вашата работа треба да има подлабока смисла.
Во нашата Групација го цениме поединецот.
Пријавете се за работа во Шпаркасе Банка и додадете вредност!
Шпаркасе Банка континуирано го унапредува своето работење
Ако сте амбициозни, желни за знаење, упорни и истрајни, пријавете се за реализирање на стручна пракса во нашиот тим.
Со нас имате континуиран професионален и личен развој.
Доброто работно опкружување и атмосфера не се развиваат само од себе.
Имате прашања? Овдека можете да ги пронајдете одговорите.
Служба за човечки ресурси
ул. Македонија бр. 34, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија
Tel: +389 2 3167 156
hr@sparkasse.mk
Големина на текст
Почитуван/а, Доколку сакате да проверите во која експозитура на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје можете да ја подигнете Вашата „Домашна платежна картичка“, внесете го Вашиот ЕМБГ во полето :
„Вашата „Домашна платежна картичка“ издадена од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе можете да ја подигнете во експозитурата , со адреса на
Не е пронајден податок. Ве молиме проверете ја банката која е издавач на Вашата картичка на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.