Политика за приватност
Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Шпаркасе Банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банката) ги прибира, ги обработува и ги користи податоците добиени при посета на веб-страницата на Банката, како и видовите информации што можат да се приберат и да се задржат на овој начин.
Контролор на збирки на лични податоци
- Шпаркасе Банка АД Скопје
- ул. Васил Иљоски бр.14, 1000 Скопје
- Тел.: + 389 2 15 050
- Факс: + 389 2 3200 515
- Е-mail: contact@sparkasse.mk
Контакт за лични податоци:
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Информации што ги прибира Банката при посета на веб-страницата
Податоци на посетители на страната www.sparkasse.mk - податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на веб-страната.
Информациите со кои се идентификувате при користењето на производите и на услугите на Банката, односно податоци што самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме.
Информации што не се лични, односно податоци за содржината што ја гледате, информации за софтверот на интернет-пребарувачот, за тоа кои содржини ги кликате, кои производи и услуги ги посетувате, за типот на компјутер, како и технички информации кои се однесуваат на оперативниот систем и на испорачувачот на интернет-услугата и слично.
Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Банката во своето деловно работење ги користи законските и општоприфатените норми за заштита на личните податоци на граѓаните. При обработката на личните податоци од збирките на податоци што ги оформува Банката за вршење на својата дејност се применуваат општите принципи за заштита на приватноста на секој субјект и на неговите лични податоци.
При оформувањето на збирките на лични податоци за вршење на својата дејност, Банката се води од следниве принципи:
- Законитост - Обработката на личните податоци ќе се смета дека е законита само доколку се врши врз некој од основите определени во Законот за ЗЛП
- Правичност - Правичната (фер) обработка е поврзана со принципот дека субјектот на личните податоци мора да биде свесен дека неговите лични податоци ќе се обработуваат. Тоа ќе му овозможи да донесе информирана одлука за тоа дали се согласува со таквата обработка и ќе му овозможи исполнување на своите права во однос на заштитата на своите лични податоци.
- Транспарентност - Директно поврзан со принципот на правична обработка е принципот на транспарентност којшто значи дека Банката како контролор го информира и известува на јасен и концизен начин субјектот на личните податоци при обработка на неговите лични податоци. Известувањето мора да биде навремено, со користење на јасен и едноставен јазик.
- Oтчетност (Accountability) - Успешноста на контролорот да го примени принципот на отчетност се гледа низ призмата на усогласување со принципите на обработка на личните податоци и способноста таа усогласеност да ја докаже. Банката применува соодветни технички и организациски мерки имплементирани врз основа на претходно спроведена процена на ризиците.
Како ги штитиме Вашите податоци?
Личните податоци што ги прибира, во обем утврден со деловните и со други потреби и според согласноста добиена од субјектите на тие податоци, Банката е должна да ги третира како класификувани информации и да ги примени организациските и техничките принципи и средства за нивна заштита од намерно или ненамерно губење, преправање, неовластено пристапување или користење. Притоа, Банката ги користи истите организациски и технички средства што ги користи и за заштита на информациите за деловното работење ако со нив се обезбедува соодветен степен на заштита или применува специфични мерки приспособени на потребите за заштита на личните податоци.
Банката нема да ги продава или да ги пренесува личните податоци на трети лица освен во случаите предвидени со закон или ако е тоа неопходно за извршување на деловните операции за кои се прибрани тие податоци.
Пренесувањето на личните податоци се врши со обезбедување соодветен степен на нивна заштита, специфичен за методата и за медиумот со кој се врши преносот, за да се спречи можноста за нивно читање при преносот.
Обработка и споделување на информациите
За време на посетата на веб-страницата, Вашата приватност целосно се почитува.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Банката ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Банката и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- Експлицитна согласност на субјектот
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Вашите лични податоци што ги прибира Банката можат да се користат за следново:
- Да Ве идентификува со цел да Ви ја обезбеди потребната информација во врска со користењето на производите и на услугите на Банката.
- Да Ви го олесни пребарувањето и да ги разјасни нејаснотиите во врска со Банката и/или со функционирањето на нејзините производи и услуги.
- Да Ви пружи помош при поплаки или при проблеми во врска со користењето на производите и на услугите на Банката.
- Да Ви обезбеди повратна информација и искажување на Вашето мислење во врска со производите и со услугите на Банката.
- Да ја разгледа можноста за Ваше вработување доколку аплицирате за работа во Банката преку веб-страницата.
Категории на податоци кои се обработуваат
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ДЗЛП;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови се заштитуваат согласно пропишаните технички и организациски мерки, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, истрага, корективни санкции, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштитата на личните податоци, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и иницијативи за спроведување на супервизија, учество на нашата мрежа за офицери за заштита на лични податоци, пријавување на злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, пријавување на збирки на лични податоци со висок ризик и/ или повреда на лични податоци или барање на било која друга административна услуга од Банката.
Кои се Вашите права?
Принципот на отчетност и транспарентност е фундаментален принцип на секој систем за заштита на личните податоци.
Банката како контролор има воспоствено принципи и механизми за транспарентно информирање и остварување на правата на субјектите на личните податоци согласно Законот.
Банката го информира субјектот за личните податоци за неговите права и обврски во моментот на прибирањето на податоците односно оставурвање на деловната соработкa.
Според Законот за заштита на личните податоци, Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право на транспарентност и информираност (член 16)
- право на пристап до лични податоци (член 19),
- право на исправка (член 20),
- право на бришење (член 21),
- право на ограничување на обработката (член 22),
- право на преносливост (член 23)
- право на приговор (член 24)
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Блаженка Мицевска Пејкова на следниов e-mail: privacy.protection@sparkasse.mk
Вашето право можете да го остварите со пополнување на следниве обрасци - Барање, Приговор и истите да ни ги доставите до најблиската Експозитура на Шпаркасе банка АД Скопје, по пошта на адреса ул.Васил Иљоски 14 1000 Скопје со назнака „за офицер за заштита на лични податоци“ или директно до Офицерот за заштита на лични податоци на следниот e-mail: privacy.protection@sparkasse.mk
Прифаќање на условите
Со користењето на оваа веб-страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од Политиката за приватност на Банката.
Правилник за начинот на вршење видео надзор во банката
На следниот линк може да го прочитајте го правилникот за начиниот на вршење видео надзор во банката.