САНЕЛ КУСТУРИЦА

М-р Санел Кустурица е назначен на функцијата член на Управен одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје на 26.03.2021 година, а од 01.05.2022 година ја презема функцијата Претседател на Управниот одбор и Генерален извршен директор на Банката.

Својата кариера во банкарството ја започнува во 1999 година како дел од Микро Ентерпрајз Банка АД Сараево, Босна и Херцеговина, каде извршувал неколку функции поврзани со кредитирање, а во 2001 година бил назначен за Директор на секторот за кредитирање. Оваа функција ја извршувал до 2003 година, кога станал дел од Управниот одбор и Извршен директор во Прокредит Банка АД Сараево. Во 2006 година Кустурица е именуван за Директор на секторот одговорен за големи корпоративни клиенти и клучни клиенти во УниКредит Загребачка Банка. Во 2007 година станува Извршен директор и член од Управниот одбор на ХВБ-Централ Профит Банка, а од март, 2008 година е назначен за Извршен директор и Член на Управниот одбор на УниКредит Банка БиХ.

Кустурица станува дел од Ерсте и Штаермеркише Групацијата во јуни 2009 година, со неговото именување за Извршен директор и Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД БиХ, каде во септември истата година е назначен за Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Банката, надлежен за Секторот за работа со физички лица и мали бизниси, Секторот за развој на бизнис со физички лица и мали претпријатија, Секторот за операции, Дирекцијата за човечки ресурси, Дирекцијата за маркетинг, комуникации и квалитет на услуги и Дирекцијата Секретаријат и усогласеност со прописи. Тој ја извршувал оваа функција заклучно со јануари, 2021 година.

Претседателот на Управниот одбор е надлежен за активности поврзани со работењето со население, маркетинг и развој на производи, за човечки ресурси и за координација на Генерален Секретаријат и Внатрешната ревизија.

НИНА НЕДАНОСКА

Г-ѓа Нина Неданоска е назначена за член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со Одлука од Надзорниот одбор која стапи на сила на 16.07.2021 година, а од 01.05.2022 година ја извршува функцијата Заменик претседател на Управен одбор.

Својата кариера во банкарството ја започнува во 2003 година како дел од Охридска банка АД Скопје, постепено напредувајќи и градејќи богата банкарска кариера на повеќе раководни позиции. Во периодот од 2006 до 2010 година е Директор на филијала Скопје, а од 2010 до 2013 работи како Раководител на малопродажната мрежа на Банката, како и Заменик-раководител на комерција и маркетинг. Во 2013 година, Неданоска беше назначена за Заменик-директор на Секторот Корпоративно и инвестициско банкарство, за потоа во 2015 да стане Директор на истиот оддел.

Во 2018 година, г-ѓа Неданоска е назначена за член на Управниот одбор на Охридска банка, одговорна за организација, управување и следење на комерцијалниот сектор, како и за работењето на одделенијата во составот на секторот за Корпоративни клиенти: одделение за мали и средни претпријатија, одделот за анализа на кредити, одделот за пазар на капитал и тргување, оддел за маркетинг и оддел за мрежна продажба. Од 2019, па се до присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка АД Скопје, г-ѓа Неданоска беше Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка АД Скопје.

Заменик Претседателот на Управен одбор е надлежен за активности поврзани со работењето со корпоративни клиенти, со финансии, тргување и финансиски пазари и активности поврзани со управување со имот, логистика и безбедност.

Златица Цивкароски

М-р Златица Цивкароски е назначена за Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје на 01.04.2024 година.

Својата кариера во областа на банкарството ја започнува во 2004 година, како кредитен референт за физички лица во Тетекс Кредитна Банка АД Скопје. Во 2005 година учествува во тимот за промена на core banking системот на банката, а во 2006 е дел од тимот за спојување на Тетекс Кредитна и Тетовска Банка, како одговорно лице за имплементација на системскиот процес за кредитирање во делот на Тетовска банка, за правни и физички лица. Работниот однос во ТТК Банка АД Скопје продолжува до мај, 2012 година, преку вршење на неколку менаџерски позиции во рамки на таа банка, како ВД Директор на Дирекција за управување со пазарен и оперативен ризик, Супервизор во Сектор за корпоративни клиенти - во Дирекција за Големи клиенти и Директор на Дирекција за кредитна анализа.

Цивкароски станува дел од Шпаркасе Банка во Република Северна Македонија во мај, 2012 година на позицијата Стручен соработник за корпоративни и МСТД клиенти во Служба за управување со кредитен ризик, а од март 2013 година е унапредена во Самостоен стручен соработник за корпоративни и МСТД клиенти. Како резултат на позитивната евалуација и напредна професионална експертиза, Цивкароски во јули, 2014 година е назначена за ВД Директор на Дирекција за наплата и управување со преземен имот, а од мај, 2015 година ја добива функцијата Директор на Дирекција за наплата и управување со преземен имот. Во рамки на постапката за статусна промена – присоединување на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка, Цивкароски е одговорна во соодветен делокруг за системска и процесна имплементација на групациски политики за наплата, за default дефиниција, forbearance and nonperforming restructuring, за правила и групациски стандарди за управување со колатерали. По комплетирање на оваа постапка во јули, 2021 година, Цивкароски ја врши функцијата Директор на Дирекција за наплата и управување со колатерали се до јули, 2023 година, кога е назначена за Директор на Сектор за кредитен ризик и наплата. Во својата работна кариера има посетено и завршено дополнителни тренинг и едукативни програми во областа на управувањето со ризиците, меѓудругото стекнувајќи се со групациски лиценци од оваа област.

М-р Златица Цивкароски, како член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје е надлежна за активности поврзани со стратешко управување со ризик, активности поврзани со управување со кредитен ризик и наплата и активности поврзани со банкарски операции.

Александар Џорџевиќ

М-р Александар Џорџевиќ е назначен на функцијата член на Управен одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје на 01.04.2024 година.

Кариерата ја започнува во 2008 година во Asseco SEE, Белград, Србија, на позицијата Проект менаџер за имплементација на банкарски софтверски решенија. Овде успешно реализирал преку 20 проекти, меѓу кои и две миграции на нови банкарски системи (CBS migration), решенија за управување со колатерали, СППФТ решенија, BI решенија во различни банки во регионот. Во 2014 година Џорџевиќ преминува во Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ), Белград, Србија како Проект менаџер одговорен за Проектот за Реформа на системот за јавни финансии, односно управување и подршка на целиот процес на трансформација и организационо реструктуирање на Даночната Управа и Министерството за Финансии на Република Србија. Во рамки на оваа позиција, заедно со други експерти, работел на подготовка и иницирање на реализација на петгодишна сеопфатна програма за трансформација, која од страна на ММФ и локалните независни тела била препознаена како висококвалитетна програма по меѓународни стандарди. Учествувал и во подготовката и спроведувањето на првата верзија на сеопфатната реформа на управувањето со јавните финансии (Public Finance Management), која послужила како основа за значајна институционална надградба на системот за управување со јавните финансии на Р. Србија и основа за преговори за пристапување кон ЕУ.

Кон тимот на Ерсте и Штаермеркише Групацијата, Џорџевиќ се приклучува во мај 2019 година, на позицијата Проектен и процесен менаџер одговорен за Југоисточна Европа. Бил задолжен за дневна поддршка на Шпаркасе банките во Р. Северна Македонија и Босна и Херцеговинa при поставување и имплементација на различни групациски и локални програми, проекти и комплексни иницијативи, притоа водејки сметка за исполнување на групациските и локалните стратешки цели и клучни резултати. Директно водел комплексни програми и проекти од клучно значење за Ерсте и Шпаркасе Групацијата, а бил и стрим лидер одговорен за ИТ и Организација, за успешно водење на интеграцијата на Шпаркасе и Охридска банка, вклучително и управување со сите технички аспекти на интеграцијата.

Членот на Управниот одбор е надлежен за активности поврзани со работењето со информатичката технологија и дигиталните канали и организација.

Надзорен одбор

  • Д-р Георг Бухер - претседател
  • Валбурга Зајдл - заменик претседател
  • Славиша Којиќ - член
  • Ханс Лудвиг Диксер - член
  • Глигор Бишев - член
  • Горан Петревски - независен член
  • Татјана Шишковска - независен член