img_02
  • 2024 2 Јули
    Соопштенија Летен потрошувачки кредит нов производ од Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка АД Скопје и понатаму продолжува да работи во насока на задоволување на потребите на своите клиенти, да го следи пазарот и да креира најдобри понуди. Па така, во период на летните одмори, Шпаркасе Банка го претстави својот нов производ.

Новиот Летен потрошувачки кредит наменет за патување, со фиксна каматна стапка за целиот период од 5,3%, максимален износ до 180.000 денари и рок на отплата до 48 месеци, е активен од 1.7.2024 до 31.8.2024 година и е со вклучена полиса за животно/неживотно осигурување.

Дополнително на ова, Шпаркасе Банка за сите свои клиенти што ќе платат со картичка (дебитна или кредитна) од Шпаркасе Банка во туристички агенции – партнери на Банката, обезбеди дополнителни попусти за нивните аранжмани.

Понудата е дизајнирана за да ги олесни финансиските оптоварувања, дозволувајќи им на клиентите да се фокусираат на создавање незаборавни спомени и да уживаат во одморот што го заслужуваат

#ВерувајВоИднината