ЕКО кредити за ЕКО дом!

Подобрете ја енергетската ефикасност на Вашиот дом!

Потрошувачки кредити за енергетска ефикасност во рамки на проектот Western Balkans Green Economy Investments (GEFF) на ЕБОР.

GEFF во Македонија е дел од Програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан со која Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува и поддржува инвестиции во зелена Економија.

Искористете ги поволностите со наменските ЕКО кредити за унапредување на енергетската ефикасност во Вашите домаќинства.

Успешно имплементирани и потврдени проекти се прифатливи за инвестициски грантови од 15% до 20% од инвестиционата вредност.

Основни карактеристики

Максимален износ

до 50.000 ЕУР

Рок на отплата

до 20 години

Провизија за обработка

2,00 %, мин. 500 МКД

Како да аплицирате за ЕКО кредитот?

1. Користете го Селекторот на технологија на http://technology-mk.ebrdgeff.com/  да одберете технологија во која што сакате да инвестирате и испечатете го сертификатот за прифатливост.

2. Земете про-фактура за одбраните технологии од одбраниот трговец(и)/дистрибутер(и).

3. Обратете се во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија и аплицирајте за ЕКО-кредит.

4. Инсталирајте ја технологијата и потоа известете ја Банката. Тимот на GEFF ќе ги верификува трошоците за инсталираната технологија. По успешната потврда, Шпаркасе Банка Македонија ќе го исплати инвестицискиот грант на Вашата сметка во Банката.

Каматна стапка

Фиксна
 

за првите три години

почнувајќи од 5,70%

Променлива

по истекот на фиксниот период

почнувајќи од 5,90% зависно од интерниот рејтинг на клиентот

Кои технологии се прифатливи за финансирање и можност за грант?

Селекторот на технологија е online каталог на енергетско ефикасни технологии со високи перформанси кои се веќе одобрени како прифатливи за финансирање од страна на GEFF. Вклучени се следните категории на технологии:

  • Прозори, врати и застаклување
  • Изолација
  • Печки/котли на биомаса
  • Котли на гас
  • Соларни колектори за топла вода
  • Фотоволтаични системи
  • Топлински пумпи
  • Осветлување
  • Балансирана механичка вентилација
  • Акумулациони бојлери за топла вода

Прифатливите проекти вклучуваат финансирање на технологии од Селекторот на технологија, како и трошоци за помошни материјали, достава и инсталација до дефинираниот максимален процент од трошоците за технологијата.

Трошоци за кредитот

Трошок за аплицирање

500 МКД еднократен трошок за потрошувачки кредит

Трошок за аплицирање

700 МКД еднократен трошок за хипотекарен кредит

Провизија за одобрување

2,00 % минимален износ на провизија за одобрување изнесува 500 МКД

Обезбедување за кредитот

До 5.000 ЕУР - без жиранти

Од 5.001 ЕУР до 10.000 ЕУР - 1 (еден) кредитоспособен жирант или солемнизација на договорот за кредит на нотар

Од 10.001 ЕУР до 20.000 ЕУР - кредитоспособен жирант или меница уредена во форма на нотарски акт. Дополнително задолжително обезбедување е полиса за животно осигурување на кредитокорисникот купена преку Банката и винкулирана во корист на Банката за време на отплата на потрошувачкиот кредит.

При аплицирање за хипотекарен кредит како задолжително обезбедување се јавува хипотека на недвижен имот.

*За солемнизација на договорот на нотар потребно е брачниот другар или близок роднина (брат, сестра, родител) да се јави како солидарен должник во договорот за кредит.

Аплицирајте за кредит oнлајн?

 

Едноставно и брзо до потребните средства.

 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Поставете прашање или договорете состанок