Плаќање на рати без камата

Основни информации

Шпаркасе Банка Македонија во Договор со одредени продажни места/трговци нуди можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА за сите иматели на Mastercard и Visa кредитните картички од Шпаркасе Банка Македонија.

  • Можност за купување на 3, 6, 9, 12 и 20 еднакви месечни рати
  • Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на кредитниот лимит што е на располагање, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање (без камата), секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 5% од достасаната месечна рата
  • Можноста за плаќање на рати е достапна кај трговци кои склучиле договор за плаќање на рати со кредитните картички од Шпаркасе Банка Македонија
  • Бројот на рати се дефинира поединечно на секое продажно место

Купување на рати без камата на продажни места

Број на рати

3, 6, 9, 12 и 20 месеци фиксни износи на плаќање

Трошоци

без камати и провизии на договорените продажни места

Продажни места

повеќе од 1.000 трговци за плаќање на рати без камата

Услугата е достапна со следниве платежни картички:

  • Mastercard Standard кредитна картичка
  • Visa Classic кредитна картичка
  • Mastercard Gold кредитна картичка
  • Visa Gold кредитна картичка

*Кредитните картички задолжително треба да се издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Листа на продажни места за купување на рати без камата

Аплицирајте за кредитна картичка online

Доколку сте во редовен работен однос и сакате да поседувате кредитна картичка од Шпаркасе Банка Македонија - кликнете на линкот подолу и аплицирајте!

 

Аплицирајте за трансакциска сметка онлајн

 

Одберете трансакциска сметка согласно вашите потреби.

 

Договорете состанок со референт во експозитура

 

Сами предложете термин и експозитура кои најмногу ви одговараат. 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Доколку ви се потребни дополнителни податоци во врска со производите и услугите на Банката.