СМС-Известување


ПРОМОТИВНО до 31.12.2018: Без надомест за користење на услугата во првите три месеци. 

  • Добивајте СМС-пораки за промените на трансакциската сметка и за трансакциите реализирани со платежните картички;
  • Заштеда на време преку едноставен и брз пристап до информации;
  • Навремено известување;
  • Дополнителна безбедност при вршење трансакции;
  • Спречување на злоупотреба на картичката;
  • Промотивни известувања.

Услугата СМС-известувања претставува известување за промените на трансакциската сметка на клиентите и трансакциите реализирани со платежни картички, преку СМС-порака што се испраќа на мобилниот телефонски број на корисникот на услугата наведен во барањето.

Прилив на трансакциска сметка

Известувањето за прилив на трансакциска сметка претставува СМС-порака што се праќа кога клиентот ќе добие прилив на својата трансакциска сметка во Банката. Пораките се праќаат 2 (две) минути откако ќе се случи промената на трансакциската сметка. Освен износот на приливот, СМС-пораката содржи и информација за расположливото салдо на трансакциската сметка на клиентот.

Услугата ги опфаќа следниве известувања:

  • уплата на плата/пензија;
  • уплата на готовина на благајна;
  • уплата на готовина на банкомат;
  • пренос на средства од физички лица.

Трансакции со платежни картички

Оваа услуга ви овозможува да воведете дополнителна контрола и сигурност при користењето на платежните картички. Добивате известување за секое користење на вашите дебитни и кредитни картички, во рок од неколку секунди откако ќе ја направите трансакцијата, без разлика дали станува збор за подигнување на готовина на АТМ, во трговија на ПОС-терминал или во трговија на интернет во земјата и во странство.

Важност на картичка

Известувањето за важност на платежната картичка на клиентот претставува СМС-порака преку која Банката го информира клиентот дека платежната картичка што ја користи истекува во тековниот месец. Известувањето се праќа првиот работен ден од месецот во кој истекува платежната картичка. Со оваа услуга клиентот добива можност навреме да ја подигне обновената платежна картичка од Банката и непречено да продолжи со нејзиното користење.

Промотивни пораки

Банката преку промотивните СМС-пораки ги известува клиентите за сите новости поврзани со работењето. Пораката се праќа на сите корисници на услугата за СМС-известувања што се согласиле да добиваат промотивни информации и содржи информативен текст.

Пример: Поставен е нов банкомат; Банката започна промотивна кампања; Во тек е наградна игра; итн.

Преглед на трошоци

Тип на известување

Провизија

СМС-известување за прилив на трансакциска сметка

50 МКД

СМС-известување за трансакции со платежни картички

СМС-известување за важност на картичка

Промотивни пораки

СМС-известување за трансакции со бизнис платежни картички за правни лица

150 МКД

Укинување на услугата СМС-известувања

100 МКД

* Наведените трошоци се изразени на месечно ниво.

*Промотивно до 31.12.2018: без надоместок за користење на услугата до истекот на третиот месец од аплицирањето.

Како да аплицирам за СМС-известувања?

За аплицирање на услугата во експозитура, неопходно е:

2

Да имате мобилен телефон со SIM картичка од македонски оператор.

3

Да доставите пополнето Барање за СМС во најблиската експозитура.

Документација

СМС известување

Добивајте СМС пораки за секоја ваша трансација.

sToken

Го прави користењето на електронско банкарство привлечно.

Електронско банкарство

Носете ја банката секаде со вас.

Извод на e-mail

Договорете си online поштар секој месец.