Mastercard Debit бесконтактна картичка

Плаќајте едноставно и сигурно насекаде.

Mastercard Debit бесконтактната картичка е меѓународна платежна картичка со која можете да плаќате насекаде во светот, да подигнувате готовина до расположливото салдо на вашата сметка во согласност со наведените лимити.

Со Mastercard Debit бесконтактната картичка средствата ви се достапни 24 часа на ден без разлика каде сте во моментот. Дополнително, користењето на оваа картичка е многу поедноставно од чекањето ред и подигнувањето готовина од благајна, а контролата на вашите месечни трошења ја остварувате преку електронско банкарство.

Повлекување готовина во Македонија и секаде каде што е застапена Групацијата

  • повлекување готовина без провизија на банкоматите на „Шпаркасе Банка Македонија".
  • повлекување готовина без провизија на банкоматите на банките членки на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата во десет земји и тоа: Австрија (Erste Bank and Sparkassen), Унгарија (Erste Bank Hungary incl. Postabank), Чешка (Ceska Sporitelna), Словачка (Slovenska Sporitelna), Хрватска (Erste & Steiermarkische Bank dd), Србија (Erte Bank Serbia), Романија (Banca Comerciala Romana), Црна Гора (Erste Bank AD Podgorica), Босна и Херцеговина (Sparkasse Bank dd) и Молдавија (Banca Comerciala Romana Chisinau).
  • повлекување средства со провизија насекаде низ светот на банкоматите со ознака Mastercard.

Како да аплицирам?

Дебитната платежна картичка Mastercard се издава единствено доколку имате трансакциска сметка во Банката, односно потребно е да сте постоечки клиент на Банката. Отворањето на трансакциска сметка е едноставно, можете да го направите во најблиската експозитура на Банката преку склучување договор за трансакциска сметка.

Изработената платежна картичка и PIN можете да ги подогнете од експозитурата во која сте аплицирале во рок од 5-7 работни дена од моментот на аплицирање. При подигнувањето, неопходно е да ја активирате платежната картичка во експозитурата. По извршената активација, можете да ја користите платежната картичка.

Доколку сте постоечки клиент, имате можност да аплицирате за дебитна картичка преку онлајн-апликацијата.

Бесконтактно плаќање

Бесконтактната картичка поседува технички карактеристики како и постојните картички (магнетна лента и чип) и има дополнителен конектор во вид на вградена антена преку која се остварува контактот со ПОС-терминалот.

Технологијата што ја користат бесконтактните картички е со највисоко ниво на безбедност. Податоците што се разменуваат при вршењето на трансакцијата се енкриптирани, а картичката останува во рацете на клиентот притоа намалувајќи го ризикот од губење, измама или фалсификување.

Бесконтактниот начин на плаќање е глобално прифатен кај секаков тип трговци, односно секаде каде што го има универзалниот симбол за бесконтактни плаќања.

Дознајте повеќе за платежни картички:

Извод на e-mail

Добивајте го Вашиот извод преку on-line пошта секој месец.

Викенд без провизии!

Секој последен викенд во месецот.

СМС известување

Добивајте СМС пораки за сите промени на Вашата трансакциска сметка и платежна картичка.

Аплицирајте за трансакциска сметка онлајн

 

Одберете трансакциска сметка согласно вашите потреби.

 

Договорете состанок со референт во експозитура

 

Сами предложете термин и експозитура кои најмногу ви одговараат. 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Доколку ви се потребни дополнителни податоци во врска со производите и услугите на Банката.