img_002
  • 2020 17 Ноември
    Известувања Известување за членови на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија


И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката.

Собранието на акционери на Банката го продолжи мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор, за што е добиена претходна согласност од Гувернерот на НБРСМ.

Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје продолжува да функционира во следниот состав:

  • Д-р Георг Бухер
  • Валбурга Зајдл
  • Славиша Којиќ
  • Ханс Лудвиг Диксер
  • Кристијан Поленак - независен член
  • Сузана Ставриќ - независен член

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје

Претседател на Управен одбор

Глигор Бишев