Задоволителна деловна година со оглед на вонредните услови за работа!
Годишен резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2020 година
Од лево кон десно: Д-р Герхард Фабиш, Главен извршен директор, Д-р Георг Бухер, Член на Управниот одбор, М-р Валбурга Зајдл, Член на Управен одбор, Д-р Оливер Крепфл, Член на Управен одбор
► Солидeн оперативeн резултат од 205 милиони евра
► Резултат за периодот после оданочување од 80 милиони евра
► Многу добри стапки на раст:
Раст на кредитите од 4,4%
Раст на депозитите од 11,3%
Раст на вкупниот Биланс на состојба од 7,8%
► Одлична капитална основа – стапка на адекватност на капиталот од 21,3%
► Спојување на Bankhaus Krentschker: проширување на банкарството за физички лица
„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде луѓето беа особено погодени од кризата, и во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти прилагодени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме.“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.
Повеќе детали за Годишниот резултат со состојба 31 декември 2020 година погледнете во целосното Соопштение за јавност и презентацијата за компанијата.
Соопштение за медиуми
Презентација за компанијата