Izvestuvanje_klienti_02
  • 2021 27 Април
    Соопштенија Известување за ажурирање на податоци на клиенти, физички и правни лица

Почитувани клиенти,

 

Шпаркасе Банка Македонија во согласност со важечката законска регулатива ги повикува своите клиенти, физички и правни лица, кои имаат сметки во Банката и кои од 01.06.2020 година не направиле ажурирање на податоците, најдоцна до 31.05.2021 година да ги ажурираат истите во најблиската експозитура. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на ажурирање на податоците на клиентот во Банката. Ова претставува и подготвителна активност за реализација на финансиската поддршка како дел од антикризните мерки од Владата на Р.С.Македонија.         

Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на Апликација за регистрирање на клиент. За потврдување на идентитетот, клиентот, физичко или правно лице, треба да носи валидни документи за идентификација (важечка лична карта или пасош за резиденти физички лица, пасош за нерезиденти физички лица, тековна состојба не постара од 1 месец за правни лица), како и соодветна документација за утврдување на вистинскиот сопственик за правни лица.

Ажурирањето на податоците е во интерес на клиентите, бидејќи Банката ќе биде во можност да донесе издржана одлука базирана на валидни информации по однос на барањата на клиентите. Исто така, Банката ќе може навремено и на точни адресни податоци да ги испраќа месечните извештаи, соопштенија и дополнителни материјали со кои се олеснува соработката меѓу клиентите и Банката.

 

Срдечен поздрав,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје