Soopshetie_002
  • 2021 14 Јули
    Известувања Известување за работно време на Експозитури и можни прекини во сервисите

Почитувани клиенти, 

Ве известуваме дека во период од 16.07. – 19.07.2021г. планирани се привремени прекини во користењето на производите и услугите на Банката, како резултат на финални технички подготовки и надградби неопходни за присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. 

Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.

Прекините се планирани како што следи:

1. Експозитури

  • На ден 16.07.2021 година (петок), експозитурите на Шпаркасе Банка и Охридска банка ќе работат со скратено работно време, од 08:00 до 12:00 часот.
  • 17.07.2021 година (сабота) ќе биде неработен ден за експозитурите на Шпаркасе Банка и Охридска банка.
  • На ден 19.07.2021 година (понеделник), експозитурите на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија регуларно ќе започнат со работа од 08:00 часот.
  • Прва работна сабота на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе биде 31.07.2021г.

2. Картички, ПОС терминали, АТМ-и

  • Ќе функционираат непречено, во наведениот период; Краткотраен прекин не подолг од (1) еден час се очекува само во работењето со картичките на ден 17.07.2021 (сабота), рано наутро, по полноќ од 02:00 - 03:00 часот.

3. Дигитални канали (електронско банкарство, мобилно банкарство, СМС известување)

  • На 16.07.2021 година (петок) во рамките на електронското и мобилното банкарство од 14:00 – 17:00 часот ќе биде достапен преглед на состојба на сметките, додека услугите на платен промет во земјата и странство ќе бидат во прекин.
  • Целосен прекин се очекува во период од 16.07.2021 година (петок), 17:00 часот и во текот на викендот, заклучно со 18.07.2021 година (недела).

 

Нашите стручни служби вложуваат максимални напори со цел минимизирање на прекините во користењето на сервисите на Банката.

Однапред Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија