Izvestuvanje_klienti_02
  • 2021 12 Јули
    Соопштенија Известување за достава на денарски извод за физички лица во електронска форма

Почитувани клиенти,

 

Дозволете да Ве известиме дека по интеграцијата на Шпаркасе Банка и Охридска Банка што се очекува да биде во третиот квартал на 2021 година, услугата за достава на денарски извод за физички лица во електронска форма на Шпаркасе Банка привремено ќе биде недостапна.

До моментот на повторно воведување на услугата за достава на денарски извод за физички лица во електронска форма, Шпаркасе Банка Македонија Ви препорачува користење на електронското и мобилно банкарство за физички лица. Преку овие алтернативни канали на лесен и едноставен начин ќе имате 24-часовен пристап до сите производи и услуги наменети за физички лица од Шпаркасе Банка Македонија.

За дополнителни информации можете да се обратете во експозитурите на Шпаркасе Банка или во Контакт Центарот на телефонскиот број 02/3200-600, од понеделник до петок од 08 до 16 часот.

 

Срдечен поздрав,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје