• 2022 4 Јануари
    Соопштенија Во сеќавање на Горан Маркоски вработен во Шпаркасе Банка

Почитувани клиенти и соработници,

Со најдлабоко жалење Ве известуваме дека денес по неколкумесечно боледување почина нашиот почитуван колега Горан Маркоски.

Маркоски е роден 18 март 1973 во Охрид.

Својата кариера во Банката ја започна во 1998 (во поранешна Охридска банка) на повеќе работни места со најголем придонес во делот на Сектор Население. Својот професионален развој го започна во Секторот за корпоративни клиенти, за подоцна кариерниот пат да го продолжи во Сектор Население како раководител на Експозитура Кавадарци па раководител на Филијала Скопје. Во 2013г беше назначен за Раководител на Дирекција Продажна мрежа, а од 2015г и Регионалeн раководител за продажна мрежа.

Во својот професионален ангажман остави печат на исклучително посветен, лојален и одговорен колега, соработник и пријател, а во приватниот живот ја носеше улогата на татко и сопруг.

Ја користиме оваа можност да изразиме сочувство и до неговото семејство.

Нека почива во мир!