Soopshetie_002
  • 2022 29 Март
    Соопштенија Експозитура Гостивар со нова локација

Експозитура Гостивар со нова локација

На ден 28.03.2022 г официјално беше отворена нова експозитура во Гостивар, на Шпаркасе Банка АД Скопје, опремена според највисоки стандарди во банкарскиот сектор, каде што на клиентите им се обезбедува индивдуално корисничко искуство. Истата се наоѓа на ул:Илинденска 294А.

На свеченото отворање присуствуваа бројни гости и клиенти на Банката од општина Гостивар како и членови на Управниот Одбор. Тие имаа свое обраќање пред присутните во кое беше споделено дека Банката со своето делување ќе продолжи силно да го поддржува развојот на локалните заедници секаде каде што е присутна и на тој начин ќе ја потврди својата посветеност и професионалност.

Шпаркасе Банка АД Скопје континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.