Нова функционалност за дигитални канали
Почитувани клиенти, Шпаркасе Банка, согласно стратегијата за дигитализација на процесите, започнувајќи од 26.04.2022 воведува нова поволност за своите клиенти со која овластените лица на денарските сметки покрај реализацијата на хартиени налози, ќе имаат можност да реализираат и трансакции преку мобилното банкарство S-Banka и електронско банкарство NetBanking.
Доколку сопствениците на сметка, даватели на овластување имаат потреба за отповикување на постоечко овластување, треба да достават писмена изјава за отповикувањето најмалку еден работен ден пред датумот на кој сакаат овластувањето да престане со важност.