depozit_02
  • 2022 28 Јули
    Соопштенија Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов производ - Промотивен Депозит Плус

Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов производ - Промотивен Депозит Плус

Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со воведување нов производ - Промотивен Депозит Плус со атрактивни фиксни каматни стапки, кои достигнуваат и 2,4% годишно за депозити на 36 месеци. Депозит Плус е погоден за клиентите кои се заинтересирани да штедат во денари на подолг период.

Станува збор за орочен депозит со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на орочувањето на 24 и 36 месеци. Со овој производ, депонентите кои ќе отворат традиционален депозит во денари добиваат 2,2% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци, односно 2,4% за денарско штедење на 36 месеци. Кај Депозит Плус постои можност за месечна и рочна исплата на камата, додека минималниот влог за отварање на овој депозит е 2.000 МКД.

Промотивниот период на понудата е предвидено да трае до 20.09.2022 година. Повеќе детали за овој производ можете да пронајдете на веб страницата на Шпаркасе Банка на следниот линк.

Шпаркасе Банка претставува сигурен и стабилен партнер, дел од најсилната банкарска групација во југоисточна Европа која бележи над 200 години традиција во штедење. Штедењето е корисна навика која подразбира редовно издвојување на определен процент од приходот за обезбедување економска сигурност и полесно справување со очекуваните и неочекуваните трошоци или едноставно за исполнување на некоја поголема желба.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.