• 2022 8 Август
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА СО НОВА ЕКСПОЗИТУРА НА НОВА ЛОКАЦИЈА МАЏАРИ

ШПАРКАСЕ БАНКА СО НОВА ЕКСПОЗИТУРА НА НОВА ЛОКАЦИЈА МАЏАРИ

На ден 08.08.2022 г започна со работа новата експозитура на Шпаркасе Банка АД Скопје во населба Маџари, Скопје

На нова атрактивна локација, со модерен ентериер и функционален простор, опремена според највисоките стандарди во банкарскиот сектор, новата експозитура преку својот професионален тим вработени ќе се потруди да обезбеди врвно корисничко искуство за нашите клиенти!

На свеченото отварање присуствуваа и членови на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка, кои споделија дека Банката со своето делување ќе продолжи да обезбедува квалитетни услуги за клиентите и ќе го поддржува развојот на локалните заедници

Ве очекуваме во новата експозитура на улица Благоја Стевкофски бр.114А, секој работен ден со работно време од 08:00-16:00 часот