Soopshetie_002
  • 2022 24 Август
    Соопштенија Исплата на пензии - Август 2022

Драги пензионери,

Ве известуваме дека пензиите за месец Август 2022 ќе се исплаќаат почнувајќи од 30 август 2022 година во четири групи.

Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • Во вторник 30-ти август 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари денари   
  • Во среда 31-ви август 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари  
  • во четврток 1-ви септември 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • во петок 2-ри септември  2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Bankа.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка