На ден 12.10.2022 година , започнува со работа новиот Бизнис Центар за услуги на мали и средни претпријатија лоциран на Ул. Македонија бр. 34.
На добро позната и атрактивна локација, во современо уреден простор со урбан ентериер согласно најновите трендови во банкарството, овој центар ќе овозможува целосно опслужување на правни лица со банкарски производи и услуги, од отворање на сметки, е-банкарство, гаранциско работење и акредитиви, бизнис картички, до кредитирање и депозити за правни лица.
Во новиот Бизнис Центар, Шпаркасе Банка ќе опслужи над 1000 активни клиенти од регион Скопје, обезбедувајќи премиум дополнителна услуга и подобрено корисничко искуство како за постојаните, така и за новите клиенти.
Ве очекуваме во новиот Бизнис Центар секој работен ден со работно време од 08:00 – 16:00 часот.