img_002
  • 2022 19 Декември
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА ЗАСАДИ 2.500 САДНИЦИ КАКО ДЕЛ ОД СТРАТЕГИЈАТА ЗА ОДРЖЛИВОСТ

Во линија со стратегијата за одржливост и заштита на животната средина, денеска вработените во Шпаркасе Банка, на опожареното подрачје во Гиновци, Крива Паланка, на еден хектар површина засадија 2.500 садници од багрем – во чест на вработените на Банката и на клиентите. Со оваа акција за пошумување, Шпаркасе Банка АД Скопје ја продолжува иницијативата од Британската амбасада по повод 70-тиот платинест јубилеј на кралицата Елизабета Втора, за засадување дрвја на територијата на Република Северна Македонија.

Вработените во Шпаркасе Банка кои волонтерски се приклучија кон оваа благородна акција за пошумување, со секое засадено дрво придонесоа кон подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на емисијата на CO2 како и кон целокупно поздрава средина за идните генерации. Багремот е дрво што е обновливо, отпорно на пожари и ќе донесе придобивки за луѓето, за дивиот свет и за климата во конкретното подрачје.

Шпаркасе Банка верува во поддршка на заедницата, со цел подобрување на квалитетот на животот, и на овој начин ја подига свеста за важноста од водење грижа за животната средина, за климатските промени и за природата во целост, како дел од корпоративната стратегија за одржливост. Само на тој начин можеме да имаме подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат.