img_2
  • 2022 26 Декември
    Соопштенија Соопштенија - Исплата на пензии декември 2022

Драги пензионери,

Ве известуваме дека пензиите за месец декември ќе се исплаќаат од 27 декември 2022 година ( вторник).

Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка) кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

- Во вторник, 27.12.22022 год., ќе се ислатат пензиите со износ до 11.000 денари;

- Во среда, 28.12.2022 год.,  пензиите од 11.001 до 14.000 денари;

- Во четврток, 29.12.2022 год., ќе се исплатат пензиите од  14.001 до 18.000 денари;

- Во петок, 30.12.2022 год.,  пензиите над 18.001 денари.

 

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија