-
2023
27
Јануари
Известувања
Исплата на пензии - јануари 2023
Драги пензионери,
Ве известуваме дека пензиите за месец јануари 2023 година ќе се исплаќаат од 30.01.2023 година (понеделник) за сите корисници на пензии кои имаат картички.
Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:
- Во понеделник, 30.01.2023 год, ќе се ислатат пензиите со износ до 11.000 денари;
- Во вторник, 31.01.2023 год, ќе се исплатат пензиите од 11.001 до 14.000 денари;
- Во среда, 01.02.2023 год, ќе се исплатат пензиите од 14.001 до 18.000 денари;
- Во четврток, 02.02.2023 год, ќе се исплатат пензиите над 18.001 денари.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!
За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје