img_02
  • 2023 1 Февруари
    Известувања Известување - пораки за „phishing“ напади

Почитувани клиенти,

Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое кое го фалсификува идентитетот на Шпаркасе Банка АД Скопје и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови.

Имено, забележано е дека одредени физички и правни лица добиваат пораки од мејл адресата: sparkasse.banka.sparkasse.com.mk. Како контакт адреса е наведена doznakirezim@sparkasse.mk. Предмет на мејл пораката е: Известување за извршена дознака во странство – SWIFT.

E-mail пораката не е потпишана со дигитален сертификат и содржи прикачен фајл со екстензија..zip.

Шпаркасе Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака која не е потпишана со соодветен дигитален сертификат  ДА НЕ ГИ ОТВАРААТ ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕЈЛ АДРЕСАТА sparkasse.banka.sparkasse.com.mk, со цел да се заштитат од злоупотреба на податоците и да контактираат соодветно контакт лице од банката за да ја верификуваат пораката.

Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје