Известување Нов корпоративен визуелен идентитет на Шпаркасе Банка АД Скопје
Со задоволство Ве известуваме дека Шпаркасе Банка АД Скопје го менува целокупниот визуелен идентитет во согласност со промените на ниво на Групација. Следејќи ги визијата, вредностите и верувањата на големото Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе семејство, Шпаркасе Банка визуелно се модернизираше, по теркот на светските банкарски трендови. Од самите почетоци Банката континуирано го менува и подобрува својот визуелен идентитет, покажувајќи ја својата флексибилност, можноста да се предвидат промените и на нив да се одговори соодветно и навремено. Од почетокот на оваа година, Банката започна со постепена имплементација, односно воведување на сосема нов изглед на локалниот пазар. Новиот визуелен идентитет вклучува оптимизирано лого, нови корпоративни бои и нов фонт.
Поедноставно, побрзо, поинтуитивно
Резултатот од овие промени е единствен корпоративен дизајн кој овозможува унифицирано искуство на брендот на сите канали. Со новиот, целосно модернизиран корпоративен дизајн, прилагоден на дигиталниот свет во којшто живееме, брендот Шпаркасе станува уште попристапен и пофлексибилен за своите клиенти, целосно ориентиран кон иднината.
Постепено воведување
Досега се направени промени на социјалните мрежи на Банката и на интерните корпоративни материјали (дописи, меморандуми, презентации). Планирано е постепено воведување, односно ребрендирање на сите останати канали (веб страна, електронско банкарство, мобилна апликација, банкомати, експозитури, централни згради).
Користење на лого
Логото е достапно во 3 верзии: • Стандардна верзија – бело монохромно лого кое се користи на слика или позадина во боја во сите комуникации, рекламни материјали, веб страна • Втората верзија е антрацит монохромно лого кое се користи кога не е возможно или не е дозволено да се користи боја, за црно-бели материјали на сите официјални документи, дописи, меморандуми • Специјалното бело лого на сина позадина кое се користи само на одредени материјали – светлечка рекама, АТМ, спонзорства
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје #верувајвоиднината