img_02
  • 2023 4 Септември
    Соопштенија Шпаркасе Банка со нова поволност за љубителите на ракометот

Шпаркасе Банка со нова поволност за љубителите на ракометот

Шпаркасе Банка ја прошири соработката со Ракометниот Клуб Еурофарм Пелистер од Битола, со тоа што ќе овозможиме на нивните фанови (навивачи) плаќање на сезонски билети на рати, преку траен налог.

Со користење на оваа поволност од Шпаркасе Банка љубителите на ракометот ќе можат да уживаат во сите поволности кои ги нудат сезонските билети и во исто време да не почуствуваат финансиско оптеретување.

Поволностите во кои ќе можат да уживаат се однесуваат на посета на сите домашни натпревари на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 преку посебен влез, без гужва и чекање. Освен тоа добиваат 10% попуст при купување на производи од Фан продавницата на клубот како и ексклузивна плакета со слика и потпис од играчите на двата клуба.

Цена на сезонскиот билет е 6.500 мкд и 5.500 мкд.

Условот за да ја користите оваа поволност е да имате или пак да отворите сметка во Шпаркасе Банка и со тоа ќе можете сумата од 6500 и 5500 денари да ја платите на најмногу 9 еднакви месечни рати без камата преку активирање на траен налог.

Порталот за е-продажба на билети на РК Еурофарм Пелистер ќе биде отворен на 4.9.2023 година во 19:00 часот и ќе може да пристапите на следниот ЛИНК.

Откако ќе го резервирате Вашиот билет (дефинирани ред и седиште) на е-порталот на РК Еурофарм Пелистер за купување билети, одберето го полето Резервирај преку SPARKASSE, во наредните 48 часа ќе треба да ја посетите најблиската експозитура на Шпаркасе Банка каде ќе треба да отворите сметка (доколку не поседувате активна во Банката) и да активирате траен налог на најмногу 9 месеци.

По завршување на оваа процедура од страна на Банката ќе добиете примерок од договор за активиран траен налог и со истиот потоа ќе може да ја подигнете Вашата сезонска карта од клубот. Еден корисник на сметка во Шпаркасе Банка може да купи најмногу две сезонски карти.<.p>

Во случај еден клиент да нема уплата од два последователни месеци од трансакциската сметка, билетот ќе се деактивира.

#ВерувајВоИднината