img_02
  • 2023 3 Октомври
    Известувања Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство

На 03.10.2023г. Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство, кој е во согласност со барањата од Законот за платежни услуги и платни системи, усогласен со постојната регулатива на ЕУ.

Отвореното банкарство е новитет во платежниот сектор и претставува иднина на банкарството каде што финансиската слобода и врвната технологија се спојуваат за да го редефинираат начинот на кој клиентите растат и ги обезбедуваат нивните пари.

Сајтот за отворено банкарство на Шпаркасе Банка нуди јавен пристап на сите заинтересирани страни да се запознаат со сите технички детали на наменскиот интерфејс, како и со опис на поддржаните функционалности кои се во согласност со функционалностите дефинирани од страна на PSD2 регулативата.

Порталот нуди развиени АПИ продукти за: информација за сметка, иницирање на плаќање и потврда за расположивост на сметка.

Истиот е достапен преку https://developer.open-bank.sparkasse.mk за сите ентитети кои се овластени да ги користат услугите на отвореното банкарство.

Шпаркасе Банка АД Скопје е една од првите банки која има целосно оспособен Developer Portal со бројни функционалности, со што во целост ги исполнува законските барања. Платформата за отворено банкарство е отворена за пристапување за сите заинтересирани кои преку неа може да развиваат свои решенија за отворено банкарство и да го тестираат поврзувањето со системите на банките.

#ВерувајВоИднината