Почитувани клиенти,
Деновиве е забележана измамничка кампања, каде преку SMS и e-mail пораки за наводна недоставена пратка („погрешна адреса“ или „вратена пратка“) од примачот се бара на лажна WEB страна да остави свои лични податоци и податоци за платежната картичка.
Кога примачот ќе ги внесе податоците, преку бот мрежа напаѓачите прават трансакции преку интернет со податоците од картичката додека има расположиви средства, или до достигнување на лимитот за интернет трансакции.
Доколку сте кликнале на линкот од SMS или e-mail пораката, преку системите за електронско или мобилно банкарство поставете ги интернет лимитите на 0 и веднаш јавете се на контакт центарот на Шпаркасе Банка 02/ 15050 за да ја блокирате картичката.
За да се заштитите од тековните напади, доколку сте добиле таква SMS порака, немојте да оставате Ваши лични податоци или број на картичка, CVV2 број (трицифрениот број испечатен на задната страна на Вашата картичка) или датум на истекување на картичката.
Генерално, секогаш бидете скептични кога ќе добиете порака која не сте ја очекувале. Не отворајте линкови кои ги имате добиено преку SMS или електронска пошта, туку сами внесете ја соодветната адреса на сајтот во пребарувачот.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје