img_02
  • 2023 26 Октомври
    Известувања Измена на Одлуката на надоместоци за физички лица со важност од 26.12.2023 година

Ве известуваме дека Шпаркасе Банка изврши измена на Одлуката на надоместоци за физички лица која ќе започне да се применува од 26.12.2023 година.

Измената е следна:

Воведување на новa Visa Platinum дебитна картичка и надоместоците. Надоместоците за новата картичка се идентични со останатите картички освен за месечната членарината за основната и дополнителната картичка.

Дебитни Картички – надоместоци според вид на картичка

Табела 7 Надоместоци за работа со дебитни картички

Дебитни Картички – општи надоместци за сите картички

Табела 8 Општи надоместоци за работа со дебитни картички

* Еднократна провизија за итна изработка на сите типови на дебитни картички Под итна изработка се подразбира картичката да биде изработена вон стандардниот рок за изработка и достава на картички.

За Скопје:

- доколку се сними барање за итна изработка пред 9.30 часот картичката ќе се изработи и достави истиот работен ден до 15 часот и истата може да се подигне во екс.Централа 2 на ул.Македонија бр.54. Доколку картичката се подигнува во експозитурата каде е поднесено барањето, истата може да се подигне наредниот ден, додека ПИН кодот стигнува еден ден по доставувањето на картичка. Максимално време на достава на картичка и ПИН - Д+2

- Доколку се сними барање за итна изработка по 9.30 часот картичката ќе се изработи и достави следниот работен ден

Максимално време на достава на картичка и ПИН - Д+3

Експозитури надвор од Скопје:

- Доколку се сними барање за итна изработка пред 9.30 часот картичката ќе се изработии достави после 2 дена од поднесеното барање Максимално време на достава на картичка и ПИН - Д+2

- Доколку се сними барање за итна изработка по 9.30 часот картичката ќе се изработии достави после 3 дена од поднесеното барање. Максимално време на достава на картичка и ПИН - Д+3

** Visa Classic Debit Student – contactless е ослободена од провизиите за дебитни картички во делот Општи надоместоци за работа со дебитни картички. Провизијата за ставките од 1 до 20 во делот за Општи надоместоци изнесува 0 мкд.

*Согласно Општите услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица кои се во важност од 01.01.2023 година, доколку Корисникот пред датумот на примена на промените не ја извести банката дека не се согласува со направените промени, односно не поднесе барање за раскинување на Договорот, се смета дека Корисникот е согласен со промените и дека ги прифаќа во целост.