img_02
  • 2023 5 Декември
    Соопштенија Специјална понуда за пациенти на Промедика офталмологија

Шпаркасе Банка креираше специјална понуда наменета за пациентите на Промедика офталмологија, која важи исклучиво за плаќање на услугите во болницата.

Па, така, клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит со рок на отплата до 48 месеци и фиксна каматна стапка почнувајќи од 6,25% за целиот период на отплата, максимален износ до 180.000 денари, со вклучено кредитно животно/неживотно осигурување и можност за непрефрлање на плата во Шпаркасе Банка.

Потрошувачкиот кредит се одобрува за третирање на некоја од следните состојби:

  • Операција на катаракта
  • Ласерска корекција на диоптрија
  • ANTI VEGF

Шпаркасе Банка континуирано дејствува во интерес на трајните вредности какви што се здравјето и општата благосостојба на клиентите. Истовремено, Банката се труди најпрофесионално да ги продлабочи соработките со деловните партнери и соработници, градејќи стабилни врски на долг рок, за иднина каква што заслужуваат сите наши клиенти.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.