img_02
  • 2023 12 Декември
    Соопштенија Нова атрактивна понуда за депозити во денари и евра во Шпаркасе Банка

НОВА АТРАКТИВНА ПОНУДА ЗА ДЕПОЗИТИ ВО ДЕНАРИ И ВО ЕВРА, ВО ШПАРКАСЕ БАНКА

 

Кога станува збор за штедење, важно е да изберете сигурен и стабилен партнер со кого секогаш добивате нешто Плус. Шпаркасе Банка креираше атрактивна промотивна понуда што трае до 29.02.2024 г. – Депозит Плус со фиксни каматни стапки за целиот период на орочување.

Депозит Плус е наменет за клиентите што се заинтересирани да штедат на подолг период во денари и во евра.

Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.

Кога станува збор за условите, денарските депозити може да се отворат на 13 и 24 месеци, со фиксни каматни стапки за целото времетраење на орочениот депозит и достигнуваат до 3,80% годишна камата за депозитите на 24 месеци. Девизните депозити во евра може да се отворат на 12 месеци со каматна стапка 2,30%, додека за 25 месеци каматната стапка изнесува 2,80%. Минималниот влог за орочени депозити изнесува 2.000 МКД, односно 100 ЕУР. Исплатата на каматата се врши на доспевање или месечно, а реорочувањето е автоматско.

Штедењето претставува благородна навика што, на долг рок, ни носи сигурност и стабилност. Токму затоа е важно да одберете вистински партнер за штедење со кој секогаш добивате нешто плус, како што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење.