img_02
  • 2024 13 Март
    Известувања Шпаркасе Банка и Влатко Стефановски Трио со незаборавен концерт во Битола

На 12.3.2023 година, Битола беше домаќин на уникатно музичко доживување со Влатко Стефановски Трио, во покровителство на Шпаркасе Банка АД Скопје. Присутните во Народниот театар во Битола уживаа во неколкучасовниот концерт, а по завршувањето, настанот продолжи во пријатна атмосфера и дружење. Корпоративниот настан беше организиран за клиентите од регионот, како резултат на посветеноста на нивното задоволство и поддршка на нивните цели.

Пред присутните гости свое обраќање имаше Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, господинот Санел Кустурица: „Оваа вечер, ја прославуваме нашата посветеност, вашата доверба и заедничкиот успех. Ве имаме вас, околу четиристотини присутни гости, и една од најголемите музички ѕвезди, нашиот драг Влатко Стефановски со својот бенд, којшто оваа вечер ќе ја направи незаборавна. На сите претставници од сто и десет компании, со минатогодишен збирен промет од над една милијарда евра и вкупен број од над 15.000 вработени, ви честитам на фантастичните резултати и ви посакувам понатамошни успеси и во иднина“, изјави господинот Кустурица. Тој, исто така, ги нагласи и импресивните резултати на Шпаркасе Банка во изминатите години, со фокус на кредитниот раст како резултат на поддршка на инвестиции и проекти.

Шпаркасе Банка остварува долгогодишна соработка со музичкиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски којшто, со својата работа и посветеност, оставa траен белег во македонската културна историја. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд-амбасадор на Банката, личност што верува во себе и во својот сон и успешно ја пренесува пораката кон луѓето да веруваат во себе и во својот потенцијал. Ваквите луѓе се наша вечна инспирација и затоа продолжуваме да ги поддржуваме сите оние коишто сакаат и имаат сила да ги менуваат нештата кон подобро. Културата и културните настани ја обединуваат заедницата, а како Банка, преку поддршка на настани од ваков карактер, придонесуваме кон градење подобро општество за сите.

Задоволството на клиентите, на вработените и на соработниците е водечка цел на Шпаркасе Банка, како и вложувањето во заедницата, културата и иновативните идеи што го движат светот напред, кон подобра иднина. И понатаму остануваме силно посветени на целта да обезбедиме поквалитетен живот за сите во нашето општество.

Шпаркасе Банка ја поддржува мисијата на Мрежата за координирано делување на граѓанските организации кон унапредување на политиките и праксите во борбата против насилството врз жените и семејното насилство, како и признавање и унапредување на човековите права на жените во Северна Македонија.

Биди дел од таа промена затоа што заедно можеме да создадеме посветла иднина за сите!

#ВерувајВоИднината